Робин Вилијамс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: сумдесетите → сумдесеттите (2), думдесетите → думдесеттите (3)
с →‎Филмски улоги: Правописна исправка, replaced: Др. → Д-р
Ред 64:
Поголем дел од неговата кариера е на филмското платно иако имал и настапи на сцена (особено Естрагон (''Estragon'') во „Чекајќи го Годо“ (''Waiting For Godot'') заедно со Стив Мартин (''Steve Martin'')). Негов прв филм е комедијата “Can I Do It ‘Till I Need Glasses?” од 1977. За улогата во „Добро утро, Виетнам“ (1987 година) бил номиниран за оскар. Голем дел од неговите улоги се во комедии со нијанси на ентузијазам.
 
Неговата улога како духот во анимираниот филм Аладин (1992) бил од помош за да се докаже важноста на глумечката моќ при позајмување на глас. Неговите гласовни способности повторно ги искористил во “Ферн Гали“ (''Fern Gully''), во фимот „В.И. Вештачка Интелигенција“ (''A.I. Artificial Intelligence'') (2001 година) каде го позајмува гласот на Др.Д-р Ноу (''Dr. Know''), во анимираниот филм „Роботи“ (''Robots'') (2005 година), во добитникот на оскар „Среќни стапала“ (2006 година), и неплатената гласовна изведба во филмот „''Everyone’s Hero''”. Исто така, бил и гласот на “''The Timekeeper''” поранешна атракција на ресортот на Вол Дизни Ворлд (''Walt Disney World''), робот кој патува низ времето, се среќава со Жил Верн (''Jules Verne'') и го враќа во иднината.
 
Улогите во драматични филмови му обезбедија оскар за најдобар спореден глумец за улогата на психологот во „Добриот Вил Хантинг“, како и две номинации за оскар, за улогата на професор по англиски во „Друштвото на мртвите поети“ (1989 година) и за улогата на нестабилен скитник во „Кралот на рибарите“(1991 година). Во истата година глуми возрасен Петар Пан во филмот „Кука“. Други познати драматични филмови се „Будења“ (1990 година) и „Сонувам буден“ (''What Dreams May Come'') (1998 година). Во 2002 година во филмот „Инсомнија“ (''Insomnia'') Вилијамс глуми писател/убиец кој бега во рурална Алјаска од полицаец (Ал Пачино (''Al Pacino'')) од Лос Анџелес, кој има несоница. Исто така во 2002 година, во психолошкиот трилер „Фотографии за еден час“ (''One Hour Photo''), Вилијамс глуми емоционално нестабилен техничар кој развива фотографии, и станува опседнат со фамилија на која им развивал фотографии долго време.