Ана Винтур: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: постане → стане
с →‎top: Јазична исправка, replaced: овеќе сличн → осличн
Ред 98:
Таа подоцна отишла да работи во Vogue кога Алекс Либерман, редакциски директор на Condé Nast, издавач на Vogue, разговарал со Винтур за позиција таму во 1983 година. Таа на крајот прифатила по војната со наддавање која двојно и ја зголемила платата, станувајќи првиот креативен директор на списанието, позиција со нејасно дефинирани одговорности. Промените во списанието што таа ги направила биле често без знаење на Мирабела, предизвикувајќи конфликт меѓу вработените. Почнала да се гледа со психијатарот за деца Дејвид Шафер, стар познаник од Лондон. Се венчале во 1984 година.
 
Една година подоцна, го остварила своето прво уредништво, преземајќи го британскиот Vogue по пензионирањето на Беатрикс Милер. Штом станала одговорна, заменила многу вработени и имала многу повеќе контрола врз списанието од кој било друг уредник, патем заслужувајќи си го прекарот “Нуклеарна Винтур”. Уредниците кои биле задржани таму почнале да го именуваат тој период како “Винтурот на Нашето Незадоволство”. Нејзините промени го извадиле списанието од својата традиционална ексцентричност во насока повеќе сличнапослична на американското издание. Идеалниот читател ан Винтур била истата Savvy жена до која сакала да допре. “Постои нов вид на жена” изјавила за Evening Standard. “Таа е заинтересирана на бизнис и пари. Нема веќе време за шопинг. Таа сака да знае што, зошто, каде и како.”
 
Во 1987 година се вратила но Њујорк за да го преземе House & Garden. Нивниот тираж веќе долго заостанувал по оној на соперникот Architectural Digest и Condé Nast се надевале дека таа ќе го поправи тоа. Повторно направила радикални промени во кадарот и изгледот, откажувајќи фотосесии и статии вредни 2 милиони долари во нејзината прва недела таму. Таа вметнала толку многу мода во фотосесиите што списанието во индустријата станало познато како House & Garment, а поради славните личности го нарекле Vanity Chair.