Сквотерство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација
с →‎Теоретски осврт: Правописна исправка, replaced: се повеќе → сè повеќе
 
Ред 13:
== Теоретски осврт ==
 
Сквотирањето може да биде средство за преживување, како и политички чин. Заземањето на празните станови, сквотерите го објаснуваат со правото за преживување. Одбиваат да платат станарина, одбиваат накалемување на профитот во сместувањето, кое е еден од основните услови за живот на човечкото суштество. Сквотерите сметаат дека длабоко погрешна идеја е дека пристојно сместување може да има само оној кој ќе плати и сметаат дека тоа е основното човечко право, кое не е на продажба.
 
Сквотирањето подразбира ревизија на концептот за [[приватна сопственост]], што не значи и нејзино укинување, но подразбира укинување на нејзината семоќност и ги наведува обврските на сопственикот на имотот во односот со заедницата.
 
Сквотовите најчесто се користат за живеење или како јавни простори т.е. општествени центри, често и нивните содржини се поклопуваат - тие се и места за живот и простори за изразување друштвеност. Некогашните безимени згради, со сквотирањето стануваат култни места за младината во кои заживуваат разни иницијативи како што се бесплатно преноќување, бесплатна работа, бесплатна вегетеријанска или веганска храна, алтернативна библиотека, сметководен центар со слободен софтвер, слободно радио, политички колективи, простор за состаноци и собирања, простор за свирки, некомерцијални кафулиња, задруги, уметнички галерии, театар, кино, правно советувалиште за емигранти, женски центри, работилници за велосипеди, разни работилници, групи за поддршка и тераписки групи, зоолошки градини, алтернативни училишта итн. Сквотираните земјишта се претвораат во обработливи површини на кои се одгледува органско овошје и зеленчук.
 
Скоро секој сквот, порано или подоцна, престанува да постои (иселен или со помош на легализација), па битното обележје на сквотовите е привременоста. Многу сквотери се против легализацијата затоа што во тој случај сквотот мора да се прилагоди на дадените рамки, се создава додатен трошок, па некои станари мора да се иселат или да работат за станарината, а активностите на сквотерите мора да бидат конформирани.
Ред 40:
* сквотери од убедување (активисти, уметници, културни дејци итн…) на кои им е потребен простор за остварување на идеите.
 
Сквотерите сметаат дека со отворање на зградите кои лежат напуштени прават јавно добро. Тие не заземаат простор во кој некој живее или кој некој го користи, туку го преуредуваат и оживуваат просторот кои сите други го напуштиле. Во последно време сквотирањето се помалку се смета како узурпација, а сесè повеќе како претворање на запуштениот и неискористен во жив простор.
 
{{Анархизам}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија: Општествени движења]]
[[Категорија:Зборови кои ги нема во ТРМЈ]]