Јозеф Хајдн: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Симфонии: Правописна исправка, replaced: се погол → сè погол (2)
с Правописна исправка, replaced: се повеќе → сè повеќе (2)
Ред 16:
=== Симфонии ===
Развојниот пат на Хајдн како симфоничар бил долг и трперлив. Со тек на време бројот на симфомии што ги напишал е се помало, а значењето е сè поголемо. 60–тите години на 18 век, тој напишал околу 40 симфонии, 70–тите, околу 30 симфонии, 80–тите околу 20 симфонии, а во 1790 – 1795 г. последните 12 симфонии. Неговите први симфонии се слични на дивертимента, каде сонатната форма не е јасно изразена, бидејќи нема втора главна тема, ниту пак развоен дел.
Во 80–тите год. на стануваат т.н. “четврти париски симфонии” кои се претходници на неговите најзрели дела наречени “лондонси симфонии“. Заедно со најзрелите симфонии на Моцарт “лондонските симф.” на Хајдн се врв на Европската симфониска музика од 18 век. Во нив е утврден класично симфонискиот стил и сонатната форма, а од друга срана пак тука Хајдн обично се служи со богатството на музичкиот фолклор, посебно хрватскиот. Тие симфонии се жив пример на неговиот голем оптимизам и хуманост. Што се однесува до оркестарот, тој е речиси целосно развиен со флети, обои, фаготи, хорни, труби, гудачи, тимпани и разновидни други ударалки. Во развојниот дел често учествувале сите инструменти, а музичкото дејствие преоѓа од една оркестарска група на друга. Скоро сите сите лондонски симфонии, а и некои претходни почнуваат со увод во бавно темпо кој често е тематски поврзан со градбата на првиот став. Моцартовото влијание е нагласено во сè поголемата кантабилност И во емоционалната продлабоченост во бавните ставови. Карактеристичен е фактот дека последните ставови носат богата примена на полифони постапки, а менуетите по својот карактер сесè повеќе се приближуваат кон скерцото,па се поблиску и до Бетовеновите скерца.
 
Многу негови симфонии имаат наслови кои повеќето не потекнуваат од композиторот, туку од љубителите така на пример покрај лондонските симфонии се среќаваат насловите: симфонија - часовник, војничка симфонија, симфонија со удар во тимпан и симфонијата со тремоло во тимпан. Во инструменталното творештво на Хајдн се истакнуваат неговите 52 сонати за пијано, неколку успешни пијано – триа, а од концертната литература често изведуваниот концерт за виолина и оркестар во Д- дур.
Ред 26:
=== Гудачки квартети на Хајдн ===
Гудачките квартети на Хајдн имаат слична тензија како и неговите симфонии. Во почетокот тоа се дела со не толку голем обем, слични со дивертиментата. Во нив редовно има 5 става од кои 2 се менуета. Индивидуализацјата на 4–те менуета сѐ уште не е спроведена, што се гледа од фактот дека главната мелодиска линија на првата виолина честопати остро се спротиставува на сосема подредената улога на останатите инструменти. Првите позначајни дела од овој вид на овој авторсе делата оп.18 и оп.20 од 1972 т.н. сончеви квартети, во кои самостојноста на делниците е остварена со примена на полифониот стил (посебно во завршните ставови од кои некои се напишани во форма на фуга). На тие дела се должи заслугата на Хајдн во изградбата на класичниот гудачки квартет. Во нив се јавува итн. лажна реприза – посебната на Хајдн во формалната структура на сонатната форма. Во понатамошните дела Хајдн сесè повеќе го продлабочува класичниот квартет, а посебен квалитет тој добива по средбата со делата на Моцарт.
 
Шестте т.н руски квартети од 1781 донесуваат богати моривски разработки и многу духовити детали за коешто сведочат ознаките скерцо и скерцанда во менуетите во овие дела.После квартетите оп. 50 (6 пруски) и 6 квартети оп. 64, врвот на Хајдн на полето на гудачките квартети слично како и кај симфонијата е остварен во контекст со лондонската музичка средина. Циклусите на гудачките квартети оп. 71, 74, 76 и 77 заедно со некои од истородните дела на Моцарт се најважните од овој вид во овој век. Мелодиските убавини, смелите модулации, продлабочувањето на формално–содржинскиот ефект, сè се тоа елементи кои придонесуваат за големата убавина на овие дела. Од другите дела на Хајдн се истакнуваат негоите 52 сонати за клавир, а од концертната литература неговиот концерт за виолончело и пијано во Д-дур. Меѓу вокалните дела на Хајдн се среќаваат опери, соло – песни, црковни композиции и дела од ораториумски вид. Неговото оперско творештво долго се сметало за најслаб дел од неговиот опус, но со тек на време тоа мислење се променило, посебно во комичните опери на италијански текст, пишувани за театарот на дворовите на Естерхази. Ремек дело на Хајдн во тој поглед е неговата комична опера “Аптекар” во која се обработува често искористувана тема за тоа време - исмејување на алчноста и скржавоста.