Крсте Црвенковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rescuing 0 sources and tagging 1 as dead.) #IABot (v2.0.8
с →‎Дисидентство: Јазична исправка, replaced: се повеќе → сè повеќе
Ред 46:
Наспроти политиката на струјата на [[Лазар Колишевски]], политиката на Црвенковски е во насока на поголемо почитување на Македонија во рамките на Југословенската федерација и во таа насока тој се залага за поголема самостојност на републиките во федерацијата. Во раните седумдесетти им дава поддршка на предводниците на [[Хрватска пролет|Хрватската пролет]], поради што кога централното југословенско раководство решава да се пресмета со т.н. [[либерализам|„либерали“]], во Македонија една од главните жртви ќе биде токму тој.
 
Во [[1972]] година Црвенковски сесè повеќе е напаѓан од догматското крило во Партијата за во декември истата година на затворен состанок на македонското раководство да биде остро критикуван. На [[36-та седница на ЦК СКМ]], одржана во јануари [[1973]] година, Црвенковски се одлучува да изврши своја самокритика, по што му е дозволено да го заврши својот мандат на член на Претседателството на СФРЈ. По завршувањето на мандатот на оваа функција во мај [[1974]] година, Црвенковски како политички неподобен ќе биде целосно маргинализиран и до распадот на Југославија нема да врши никаква јавна функција.
 
На почетокот на плурализмот тој е дел од Иницијативниот одбор за формирање на [[Социјалдемократска партија на Македонија|Социјалдемократската партија на Македонија]], но се повлекува уште пред да биде формирана партијата. Остатокот од животот го поминува, пишувајќи мемоарски записи.