Јозеф Хајдн: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 7 месеци
с
→‎Симфонии: Правописна исправка, replaced: се погол → сè погол (2)
с (→‎Гудачки квартети на Хајдн: Правописна исправка, replaced: се се → се)
с (→‎Симфонии: Правописна исправка, replaced: се погол → сè погол (2))
== Творештво ==
=== Симфонии ===
Развојниот пат на Хајдн како симфоничар бил долг и трперлив. Со тек на време бројот на симфомии што ги напишал е се помало, а значењето е сесè поголемо. 60–тите години на 18 век, тој напишал околу 40 симфонии, 70–тите, околу 30 симфонии, 80–тите околу 20 симфонии, а во 1790 – 1795 г. последните 12 симфонии. Неговите први симфонии се слични на дивертимента, каде сонатната форма не е јасно изразена, бидејќи нема втора главна тема, ниту пак развоен дел.
Во 80–тите год. на стануваат т.н. “четврти париски симфонии” кои се претходници на неговите најзрели дела наречени “лондонси симфонии“. Заедно со најзрелите симфонии на Моцарт “лондонските симф.” на Хајдн се врв на Европската симфониска музика од 18 век. Во нив е утврден класично симфонискиот стил и сонатната форма, а од друга срана пак тука Хајдн обично се служи со богатството на музичкиот фолклор, посебно хрватскиот. Тие симфонии се жив пример на неговиот голем оптимизам и хуманост. Што се однесува до оркестарот, тој е речиси целосно развиен со флети, обои, фаготи, хорни, труби, гудачи, тимпани и разновидни други ударалки. Во развојниот дел често учествувале сите инструменти, а музичкото дејствие преоѓа од една оркестарска група на друга. Скоро сите сите лондонски симфонии, а и некои претходни почнуваат со увод во бавно темпо кој често е тематски поврзан со градбата на првиот став. Моцартовото влијание е нагласено во сесè поголемата кантабилност И во емоционалната продлабоченост во бавните ставови. Карактеристичен е фактот дека последните ставови носат богата примена на полифони постапки, а менуетите по својот карактер се повеќе се приближуваат кон скерцото,па се поблиску и до Бетовеновите скерца.
 
Многу негови симфонии имаат наслови кои повеќето не потекнуваат од композиторот, туку од љубителите така на пример покрај лондонските симфонии се среќаваат насловите: симфонија - часовник, војничка симфонија, симфонија со удар во тимпан и симфонијата со тремоло во тимпан. Во инструменталното творештво на Хајдн се истакнуваат неговите 52 сонати за пијано, неколку успешни пијано – триа, а од концертната литература често изведуваниот концерт за виолина и оркестар во Д- дур.