Пазар на капитал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Улогата на банките на пазарот на капитал: Јазична исправка, replaced: подржув → поддржув (2)
с →‎Берзански и шалтерски пазар на капитал: Правописна исправка, replaced: се погол → сè погол
Ред 7:
== Видови пазари на капитал ==
=== Берзански и шалтерски пазар на капитал ===
* '' Берзи'' — [[Берза]]та претставува место или институција во рамките на која се одвива организирано тргување со хартии од вредност. Тргувањето на берзата се врши со посредство на овластените учесници на овој пазар – [[брокер]]ите, кои тргуваат за сметка на своите клиенти. На берзата има и други овластени учесници како што се дилерите, кои тргуваат за своја сметка, потоа специјалисти, маркет-мејкери, и други, во зависност од самата берза, нејзиниот тип, начин и организација на работа. Во овој поглед не постојат единствени правила, туку секоја берза има свои специфичности. Тргувањето на берзата се одвива во рамките на определен период од денот. Токму концентрацијата на тргување на сите учесници на едно место и во исто време, овозможува создавање на објективна претстава за понудата и побарувачката на хартиите од вредност, а со тоа и правилно формирање на нивните цени. Тргувањето на берзите се одвива преку издавање на налози од страна на клиентите до брокерите, кои содржат податоци за видот на хартијата од вредност што клиентот сака да ја купи, односно да ја продаде, како и цената по која клиентот би сакал да ја реализира трансакцијата.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски Факултет - Скопје, 2008, стр. 181.</ref> Во зависност од предметот на купопродажба се одредува и карактерот на берзата. Ако на берзата се купуваат и продаваат вредносни хартии, се работи за ефективна берза, ако се купуваат и продаваат стоки, се работи за продуктна берза, ако се во прашање [[Девиза|девизи]], се работи за девизна берза, итн. За работење на берзата не е доволно да има ( да постојат) вредносни хартии, туку е потребно да има мобилен и ликвиден пазар на кој се среќаваат сесè поголем број понудувачи и побарувачи на вредносни хартии. Значи, треба да има стабилна понуда и побарувачка на вредносни хартии.<ref name="ReferenceA">Љупчо Трпески, ''Банкарство и банкарско работење'' (прво издание),Економски Факултет - Скопје, 2009, стр. 201.</ref> Заклучувањето на работите се одвива во главните простории на берзата. Тоа се вика т.н. службен пазар. Постои и неслужбен, но регулиран пазар, кој од службениот се разликува по тоа што во него се вклучени берзанските посредници, не се утврдува курсот, туку само цената. Од друга страна, покрај службениот и регулираниот пазар, постои и нерегулиран, слободен пазар, кој ја опфаќа сета трговија на вредносни хартии која не се одвива во службените простории на берзата, туку во споредни, или крај берзата. За овој пазар не важат берзанските правила и прописи.<ref name="ReferenceA"/>
* ''Пазари преку шалтери'' — Пазарот преку шалтер ([[англиски]]: ''over-the-counter market'')<ref>[http://www.otcmarkets.com/home OTC market]</ref> претставува алтернативен облик на пазар на хартии од вредност. Името го добил од неговиот дамнешен облик, кога клиентите доаѓале директно на шалтерите на банките и таму купувале или продавале хартии од вредност. Ваквиот облик одамна е исчезнат, но името останало и тоа денес се однесува за тргувањето во самите [[Брокерска куќа|брокерски куќи]], во кои денес се одвива огромен дел од прометот со хартии од вредност, посебно во западните земји. Имено, еден дел од куповните и продажните налози што ги добиваат брокерските куќи, можат според своите карактеристики (вид, количина, цена) да се реализираат во самата куќа, без да се излегува на берзата со нив. Така се избегнува плаќањето провизија на берзата и се поедноставува работата на брокерите.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.182.</ref> Друг вид на вонберзанско тргување денес е [[НАСДАК]] (''National Association of Securities Dealers Automated Quotations System''). Истиот, е пазар кој постои помеѓу овластените дилери во [[САД]] и кој претставува мрежа на меѓусебно електронско тргување. Тргувањето со хартии од вредност преку овој пазар се одвива така што инвеститорите контактираат директно со дилерите, кои, пак, тргуваат помеѓу себе без да ги напуштаат своите канцеларии, преку следење на понудата и побарувачката на хартиите од вредност на своите [[компјутер]]ски екрани. Денес, преку NASDAQ, се одвива огромен дел од прометот со хартии од вредност во САД, често надминувајќи го и оној на Њујоршката берза.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски Факултет - Скопје, 2008, стр. 182.</ref> Неорганизираниот пазар на капитал обично се одвива крај берзите и за него не важат берзанските правила и прописи. На него, по правило, учествуваат помали [[претпријатија]] кои не ги исполнуваат условите за тргување на берзите.<ref>Љупчо Трпески, ''Банкарство и банкарско работење'' (прво издание), Економски Факултет - Скопје, 2009, стр.199.</ref>