Човекот-птица (филм од 2014): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Содржина: Јазична исправка, replaced: социјалните мрежи → друштвените мрежи, Социјални мрежи → Друштвени мрежи
Ред 4:
Риган Томсон (го игра Китон) е остарен глумец кој пред 25 години бил популарен по својата улога на суперхеројот „Брдмен“. Сега, кога славата е зад него, Риган се обидува да се наметне како вистински уметник, пишувајќи го сценариото, режирајќи, продуцирајќи и глумејќи во неговото деби на [[Бродвеј]], „За што зборуваме кога зборуваме за љубовта“ - адаптација на приказната на [[Рејмонд Карвер]]. Додека се приближува премиерата, еден ден, за време на пробата, глумецот која ја игра споредната машка улога се здобива со фатална повреда на [[глава]]та поради која останува неподвижен. Иако сите мислат дека се работи за несреќен случај, Риган му кажува на неговиот пријател Џејк (го игра Галифијанакис) дека намерно ја предизвикал несреќата, зашто глумецот не бил доволно добар за таа улога. Така, Риган и Џејк запаѓаат во проблеми, зашто мора да пронајдат замена за повредениот глумец. За таа улога, Риган го посакува познатиот глумец Мајк (го игра Едвард Нортон), а него го доведува глумицата Лесли (ја игра Вотс), која му е љубовница на Мајк.
<br />
За време на пробите, Риган е многу нервозен, зашто постојано го слуша гласот на филмскиот херој што го глумел во минатото, кој му вели да се откаже од театарската претстава и да сними ново продолжение на серијалот за Брдмен. Од друга страна, Риган е цврсто решен да докаже дека е вистински глумец, а не само комерцијален херој од филмското платно. Истовремено, Риган има проблеми со ќерката Сем (ја игра Стоун), која само што се вратила од установата за рехабилитација на зависници од [[дрога]] и која постојано го обвнинува дека ја запоставувал во времето кога бил славен филмски херој. И додека неговата ќерка се зближува со Мајк, меѓу него и Риган расте непријателството, зашто Риган смета дека Мајк сака да ја приграби славата за себе. Славата на Риган заживува наеднаш по еден комичен настан: за време на главната проба, тој случајно останува надвор од театарот и мора да ја помине улицата по гаќи, така што сите го гледаат речиси гол, а неговите [[Фотографија|фотографии]] стануваат најпопуларни на [[СоцијалниДруштвени мрежи|социјалнитедруштвените мрежи]].
<br />
Непосредно пред премиерата на претставата (за која владе голем интерес), Риган ја среќава познатата театарска [[Критичар на уметност|критичарка]], која е огорчена на филмските херојски ликови и поради тоа му се заканува дека ќе го уништи, пишувајќи ја најлошата можна критика. На тоа, Риган ѝ одговара дека таа знае само да лепи етикети, а воопшто не го разбира [[театар]]от. Потоа, тој се опива и заспива на улица. Кога се буди, повторно му је покажува ликот на Брдмен и Риган се освестува качен на врвот на една зграда. Утредента, на премиерата, Риган понесува вистински [[пиштол]] и си пука во себе, нанесувајќи си повреди на лицето. Публиката ја прифаќа претставата со овации, критичарите пишуваат одлични критики, а Риган е на насловните страници на весниците. Меѓутоа, во болницата, кога за момент останува сам, Риган повторно го гледа привидението на Брдмен. Притоа, тој го отвора прозорецот и воодушевено ги набљудува [[птици]]те, а потоа се фрла низ прозорецот.<ref>[http://www.imdb.com/title/tt2562232/?ref_=nv_sr_1, IMDb, Birdman (2014) (пристапено на 1.3.2015)]</ref>