Покајание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Дополнување за покајанието: од кои изворни зборови потекнува, што значат тие зборови, како се користени во Библијата и што во целост значи покајанието.
с Дополнување на цитатот.
Ред 4:
Покајанието е Божја заповед:<blockquote>''„Бог...заповеда на сите луѓе, насекаде, да се покаат!“ - Дела 17:30''</blockquote>Во Стариот Завет, за покајание, е употребен хебрејскиот збор „шуб - שׁוּב“, што значи „свртување назад (во спротивен правец)“<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://biblehub.com/hebrew/7725.htm|title=7725. shub}}</ref>, а, пак, во Новиот Завет, за покајание, е употребен старогрчкиот збор „метаноео - μετανοέω“ (од кој се добива зборот „метаноиа - μετάνοια“<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://biblehub.com/greek/3341.htm|title=3341. metanoia}}</ref>), што значи „промена на умот“<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://biblehub.com/greek/3340.htm|title=3340. metanoeó}}</ref>. (Во Библијата, умот се однесува на центарот на твоите мисли, емоции, волја - твојата срж, срце; внатрешниот човек<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.gotquestions.org/what-is-the-mind.html?fbclid=IwAR2zL718-tRdwAS07lX3nnZpT_dAk9DR88J1jo2tjelNiqs4TQEFh-ZJ1Ds|title=What is the mind, biblically speaking?}}</ref>). Покајанието не претставува обична интелектуална промена на умот, или пак, обично жалење или грижа на совест, што не произведува промена (Лк. 3:8-14; Дела 26:20). Јован Крстител зборувал за покајанието како радикално свртување од гревот, што неизбежно произведува праведни плодови:<blockquote>''„Направете плод достоен за покајание...Секирата веќе лежи до коренот на дрвото: зашто секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.“'' ''- Мат. 3:8,10''</blockquote>И Јуда Искариотски го променил својот начин на размислување, па имал грижа на совест (Мат. 27:3-5), но тој не се одвратил од гревот и не се фрлил врз Господовата милост за прошка. Искреното побожно жалење за гревовите води до вистинско покајание, но самото жалење не е покајание (2 Кор. 7:10). Покајанието не вклучува само интелектуална промена во умот, туку и промена на срцето т.е. одвраќање од љубовта кон гревот и свртување кон Бога во послушност. Затоа кога Павле ќе згрешел, тој велел: ''„...не го правам она што го сакам, туку она што го мразам, тоа го правам... не го правам доброто, што сакам да го правам, туку злото, што не сакам да го правам... но, со својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји!“'' (Рим. 7:15,19,22). Павле го мразел гревот што го правел, но го љубел Божјиот Закон - така е и со секој вистински верник. Покајанието е целосно духовно одвраќање и тоа влијае на целиот човек, врз неговите мисли, зборови и дела, во секое време и во сите ситуации.
 
Исус, кој ја започнал својата јавна служба со заповед кон покајание (Мат. 4:17), користејќи графичка хипербола предупредил:<blockquote>''„Ако„И ако те наведува на грев деснотораката окотвоја, извадиотсечи гоја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку да имаш две раце и фрлида гоотидеш одво себе;пеколот, заштово подобронеизгасливиот тиоган. И, ако те наведува на грев ногата твоја, отсечи ја; подобро е даза изгубиштебе еденсакат делда одвлезеш твоетово теложивотот, отколку целотода ги имаш двете нозе и да бидебидеш фрленофрлен во пеколот. И десната рака, ако окото твое те наведува на грев, исечииз­вади јаго; иподобро фрлие јаза одтебе себе;со заштоедно подобро ти еоко да изгубишвлезеш еденво делцарството Божјо, от­колкуотколку целотода твоеимаш телодве очи и да бидебидеш фрленофрлен во пеколот, каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува.“ - МатМк. 59:29-3043,45,47,48.''</blockquote>Тој искористил ваква хипербола со цел да ја покаже сериозноста на гревот. Неговата поента била дека луѓето треба драстично да се справат со гревот, отстранувајќи го од својот живот, бидејќи вечните последици од него се страшни (Лк. 13:1-5; Рим. 6:23; 1 Кор. 6:9-10; Отк. 21:8).
 
Вистинскиот христијанин ќе се покае и ќе покаже праведни плодови (1 Јвн. 2:4; Гал. 5:22-23), но тој нема да биде безгрешен (1 Јвн. 1:8,10), а кога ќе згреши ќе ги исповеда своите гревови пред Бога и ќе се тргне од нив, а Бог ќе му прости и ќе го очисти (Пс. 32:3-5; Изр. 28:13; 1 Јвн. 1:9).