Исак: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 12:
 
=== Пред раѓањето на Исак ===
Поминале многу години од времето кога [[Бог]] ги ресеал народите од [[Вавилон]]. Синовите [[Ное|Ноеви]] — Сим, Хам и Јафет — се раселиле во разни земји. Еден од потомците на Сим се викал [[Авраам]]. Бог му рекол да патува до хананската земја и му ветил дека од него ќе направи голем народ и ќе го благослови. Авраам долго време патувал и станал богат со добиток, со [[сребро]] и [[злато]]. Но едно нешто му лежело како тежок камен на душата; тој немал деца. И, почнал Авраам да му се жали на Бога. Бог му се јавил:<blockquote>Не плаши се, Аврааме! Јас сум ти заштита, и наградата твоја ќе биде многу голема.<ref>''Библија за млади: Стар и Нов завет'' стр. 22</ref></blockquote>Времето минувало, а Сара, жената на Авраам, не раѓала. Но тие имале слугинка-Египќанка, по име [[Агара]]. Сара му рекла на Авраам дека не можела да роди деца, амано можеби слугинката ќе можела и нив ќе ги сметала за свои. Така, тој ја зел за жена и Агара му родила дете. Името му го дале Исмаил, како што рекол Господов ангел. Авраам тогаш имал 86 години.<ref>''Библија за млади: Стар и Нов завет'' стр. 22</ref>
 
Еден ден, Господ му се јавил и му рекол:<blockquote>Јас сум Бог Семоќен, верувај во Мене и биди праведен. И ќе склучам сојуз со тебе, така што ти ќе бидеш татко на многу народи. [...] Името на твојата жена нека ѝ биде Сара. Јас ќе ја благословам, и ќе ти дадам син од неа; и народи ќе потекнуваат од неа, како и цареви на народи ќе излезат од неа.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исак