Западна филозофија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: бавел → занимавал
с →‎Античка филозофија: Правописна исправка, replaced: бават → занимаваат
Ред 13:
=== Античка филозофија ===
{{главна|античка филозофија|хеленистичко-римска филозофија}}
Се смета дека западната филозофија се јавува во [[Стара Грција]], со мислата на т.н. [[претсократовци]]. Со овој поим се означува период на несинтетизирано знаење, на меѓата помеѓу науката, митологијата и филозофијата. Овие мислители се баватзанимаваат со прашањето за праосновата на светот или „архето“. [[Талес]] од [[Милет]], според многумина првиот вистински филозоф, смета дека водата е основа на светот, додека [[Анаксимандар]] и [[Анаксимен]] сметаат дека основата е ајперонот (неограниченото) и воздухот, соодветно. Питагора смета дека бројот е во основата на се, додека Демокрит зборува за најмалата неделива честичка на сето постојно, која ја нарекува „атом“.
 
Првиот голем филозоф во историјата чија мисла отвора пат за првите филозофски системи е [[Сократ]]. Тој одбивал да ја запише својата мисла, шетајќи по улиците на Атина ширејќи животна мудрост. По неговата смрт, неговиот ученик [[Платон]] решава да ја систематизира, дополни, усоврши и промовира мислата на Сократ. Платон ја отвора првата школа на западниот свет, наречена [[Академија (Платон)|Академија]]. Платон создава филозофски систем во кој преовладува она што тој го нарекува [[платонизам|теорија на идеите]]. Според него сетилно-достапниот свет е само слика на совршениот, вечен свет на идеите, кои се своевиден образец на сѐ што постои. Овие форми кои ги осознаваме исклучиво преку умот се како некој вид калап на поединечните нешта кои ги сретнуваме во светот. Платоновата мисла е изложена во форма на [[дијалог|дијалози]] помеѓу Сократ и некој Атињанин кој се сметал за експерт на некоја област. Платоновите дијалози отвораат широк спектар на теми, од љубовта и убавината, до разгледби за политиката, науката, јазикот итн.