Збигњев Херберт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Лвов → Лавов
с Правописна исправка, replaced: бавел → занимавал (2)
Ред 4:
 
==Животопис==
Херберт е роден во Лавов, а потекнува од англиско-полско-ерменско [[семејство]] кое во периодот до 1940 година било во состојба да му обезбеди удобен живот и солидно [[образование]], вклучувајќи го и класичното образование кое подоцна било многу застапено во неговото творештво. По [[Втората светска војна]], тој го напуштил Лавов и, верен на семејната традиција, во [[Краков]] почнал да студира [[економија]] и [[право]], но по својата желба студирал на ликовната академија, како и [[историја на уметноста]] и [[философија]]. Подоцна, студиите ги продолжил во [[Варшава]] и во [[Торуњ]]. За време на студиите во Краков имал прилика да ги слуша предавањата на големите професори Кшижановски, Ингарден, Конпочињски, а во Торуњ го слушал [[Хенрик Елзенберг]], кој го учел да живее во согласност со природата и разумот ([[атараксија]]). Покрај [[Грчки јазик|грчкиот]] и [[Латински јазик|латинскиот]], Херберт го изучувал и сите поголеми [[европски јазици]] со цел да ја чита [[книжевност]]а која го интересирала. Меѓутоа, без оглед на завршените студии и познавањето на повеќе јазици, бидејќи не бил член на [[комунисти]]чката партија, не можел да најде пристојна работа, така што се бавелзанимавал со [[публицистика]] и со ликовна критика.<ref name="ReferenceA">„Napomena priređivača“, во: Zbignjev Herbert, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 281.</ref> Херберт многу патувал, особено посетувајќи ги: Грција, Холандија, САД, Југославија, Италија, Франција, Англија, Италија и Германија при што во староста патувал и како автостопер. За време на бројните патувања, често носел блок во кој со [[пенкало]] или со перо ги цртал пејзажите и митските јунаци. Земјите кои ги посетувал ги запознавал низ [[Библиотека|библиотеките]], [[Музеј|музеи]], малите народни [[ресторан]]и, кафеаните и евтините [[хотел]]и при што често контактирал со обичните луѓе. Пред крајот на животот, сериозно се разболел поради што бил принуден трајно да се врати во Полска. Умрел во 1998 година, во својот стан во Варшава, а 2000 година била прогласена за меѓународна година на Херберт.<ref>„Napomena priređivača“, во: Zbignjev Herbert, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 283-284.</ref>
 
==Творештво==
На почетокот, Херберт се бавелзанимавал со публицистика и со ликовна критика, објавувајќи најчесто во краковското [[Католик|католичко]] списание „Општ неделник“, користејќи бројни псевдоними. Како писател, дебитирал со поетска [[проза]], а потоа и со [[поезија]]. На почетокот, своите песни ги објавувал во книжевните списанија.<ref name="ReferenceA"/>
 
На сцената дебитирал во 1956 година, со збирката „[[Зрак светлина (книга)|Зрак светлина]]“ (''Struna światła'') во која го искажал своето искуство од [[Втората светска војна]], која ја нарекол тројанска. Постепено, тој започнал да ја користи [[старогрчката митологија]], а како свој заштитник го избрал [[Аполон]]. На тој начин, од своите песни ги исфрлил [[Автобиографија|автобиографските]] црти, карактеристични за другите полски поети од неговата генерација, и го конструирал реторското и иронично поетско Јас.<ref>„Napomena priređivača“, во: Zbignjev Herbert, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 282.</ref> Уште со своите први збирки („[[Хермес, куче и ѕвезда]]“ (''Hermes, pies i gwiazda'', 1957), „[[Студија на предмет]]“ (''Studium przedmiotu'', 1961) стекнал голема поддршка од критиката и углед на еден од најважните современи полски поети. Неговиот развоен пат се движел од поезијата на [[Чеслав Милош]] и [[Мјечислав Јаструн]], но не му била далечна ниту линијата на [[Тадеуш Ружевич]]. Сепак, почитувајќи ги овие корени, Херберт за брзо време го пронашол својот поетски пат. Во неговата поезија се поврзани реминисценциите од класичната и од полската [[култура]] и [[историја]] со современата проблематика, а во сето тоа има благороден [[хумор]] помешан со скептицизмот на интелектуалецот кој бил сведок на најголемата катастрофа во човековата [[историја]]. Од неговата поезија зрачи сугестивна топлина која интимно се пренесува на секој читател. Веројатно, како резултат на таквата непосредност, Херберт стекнал широка популарност кај полските интелектуалци, а неговиот углед уште повеќе се зголемил по објавувањето на [[Есеј|есеи]]стичкото дело од областа на [[Ликовна уметност|ликовната уметност]], „[[Варварин во градината]]“.<ref>''Savremena poljska poezija''. Beograd: Nolit, 1964, стр. 213-214.</ref>