Шкотски Гори: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 106:
'''Шкотски Гори''' или '''Шкотски Планински Крај''' ([[Шкотски гелски јазик|гелски]]: ''A Ghàidhealtachd'', [[Шкотски јазик (германски)|низински]]: ''Hielands'', [[англиски јазик|англиски]]: ''Scottish Highlands'') — група стрмни планински области во [[Шкотска]] северно и западно од [[Горски Расед (Шкотска)|Горскиот Расед]], иако границите не се точно утврдени, особено на исток. [[Голем Глен|Големиот Глен]] ги дели [[Грампијански Планини]] на југоисток од [[Северозападни Гори|Северозападните Гори]]. [[Шкотски гелски јазик|Шкотскиот гелски]] назив ''A' Ghàidhealtachd'' („кеалтахк“) буквално значи „место кајшто се говори гелски“, но ова денес не важи секаде, бидејќи извесни делови од Горите претрпеле целосна јазична промена. Затоа гелскиот назив се однесува не само на ова подрачје, туку и на [[Надворешни Хебриди]] (каде гелскиот јазик е денес најприсутен). Поимот го користи Владата на Шкотска и оваа употреба го има зацрврснато и покрај недоследноста.
 
Ова подрачје е мошне ретко населено, а во регионот доминираат бројни [[планински венец|планински венци]], меѓу кои и [[Бен Невис]] - највисоката [[планина]] во Британија и Ирска. Пред XIX век Шкотските Гори биле многу понаселени, но забраната на традиционалниот горски живот, [[Јакобинска буна од 1745|Јакобинската буна од 1745 г]], злогласните [[Горски расчистувања]] и масовната преселба во урбаните центри за време на [[Индустриска револуција|Индустриската револуција]] придонеле Горите да станат најретко населен регион во Европа. Просечната густина на населеност е помала од онаа на Шведска, Норвешка, [[Папуа Нова Гвинеја]] и [[Аргентина]].
 
Советот на управната област [[Хајленд]] (''Highland'') е задолжен за управување со овој регион, со седиште во административниот центар [[Инвернес]]. Меѓутоа во Горите спаѓаат и делови од [[Административна поделба на Шкотска|управните области]] [[Абердиншир]], [[Ангус]], [[Аргајл и Бјут]], [[Мари]], [[Перт и Кинрос]] и [[Стерлинг]]. Иако [[Аран]] административно му припаѓа на [[Северен Еаршир]], неговиот северен дел најчесто се смета за дел од Горите.