Политика на САД: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: се уште → сè уште (2)
с →‎Организација на Американските политички партии: Јазична исправка, replaced: се се → се (2)
Ред 73:
 
===Организација на Американските политички партии===
Американските политички партии многу полабаво се организирани во споредба со партиите во другите земји. Двете најголеми партии немаат формална организација на национално ниво кое го контролира членството, активностите или политичките позиции како што прават некои филијали во некои држави. Така, ако за еден американец се каже дека тој или таа е член на Демократската или Републиканската партија тоа е нешто сосема различно од тоа кога за еден Британец се се наведува дека е член на Конзервативната или Лабуристичката партија. Во САД секој често може да стане член на една партија. Во некои држави во САД, еден гласач може да се регистрира како член на една партија а на гласањето тој да гласа за спротивната партија. Таквото учество на никаков начин не ги ограничува изборите. Исто така, на ниту едно лице не му дава некакво особено право или обврски во рамки на партијата, освен тоа што им дозволува да гласаат на прелиминарните избори во партијата.
Едно лице може да избере да присуствува на состаноците на еден локален партиски комитет еден ден, а следниот ден да учествува на друга партиска комисија. Единствен фактор што ги носи за една ,,акција поблиску” е квантитетот и квалитетот на учеството во партиските активности и способноста да ги убедат другите да доделуваат одговорности.
Идентификацијата на партијата на некој начин станува формализирана кога едно лице се бори за партиска функција. Во повеќето држави, тоа значи дека себеси се прогласува за кандидат при номинациите од одредена партија и се обидува да влезе во првичните избори за претставник на таа партија. Партискиот комитет може да избере да го подржи еден или друг кандидат од оние кои бараат номинација, но на крајот сепак сесè се сведува на оние кои гласаат, и често е тешко да им се каже што да прават при гласањето.
Резултатот е тоа што американските политички партии имаат слаба централна организација и малку централна идеологија, освен по пат на консензус. Партијата не може да го спречи некое лице кое не се согласува со поголемиот дел од позициите во партијата, или кое активно работи против целите на партијата, да се кандидира за членство, сè додека гласачите кои се одбрани да гласаат на прелиминарните избори го избираат тоа лице. Ако еднаш влезе во канцеларија, избраното лице може да ја промени партијата едноставно ако изјави дека таква му е намерата.
На федерално ниво, секоја од двете големи партии има национален комитет кој работи како центар за собирање на финансиски средства, особено во претседателските кампањи. Точниот состав на овие комисии е различен за секоа партија, но тие претежно се составени од претставници од државните партии и придружните организации и од други важни партии. Сепак, националните комитети немаат моќ за директно насочување на активностите на членовите на партијата.