Разлика помеѓу преработките на „Кабаш“

Додадени 1.142 бајти ,  пред 2 месеци
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ознака: Изворно уредување 2017
 
Најчесто е искачувањето по многу стрмната северна падина со тревнат кулоар помеѓу карпестите блокови, скршнувајќи лево од „видиковецот“ во месноста Скалила на доброобележана планинарска патека која води кон познатиот [[Корапски водопад]], минувајќи по источната и северната страна на подножјето под врвот Рибничка Скала од превојот Пралуга и навлегувањето во долината на Длабока Река.
 
Најкратка патека и пристап за искачување на Кабаш, која е многу малку или речиси непозната е од јужната страна со должинанод 6 километри во правец започнувајќи од селото [[Нивиште]]. Преминувајќи преку дол со поток над селото се навлегува и минува низ густата букова Кабашка Шума од каде се излегува на гребенот кој се протега и завршува право на самиот врв, а кој е доста стрмен и наместа со карпи, при што исклучителна внимателност е потребна минувајќи во јужниот кулоар во кој покрај исклучителната стрмнината (со наклон и до 65°) треба со искачување со внимателен зафат да се поминат 2 метри преку камен засек помеѓу 2 помали карпи, но покрај тоа од овој кулоар до самиот врв се нуди пристап по речиси целосно тревнат терен. За побезбедно искачување низ овој предел поставени челични жици - сајли за придржување (и делумна можност за одење со наврска - via ferrata) на 2 делници и тоа: во кулоарот од јужната страна под врвот Кабаш на вертиклен стрмен засек меѓу карпите во должина од 30 метри и на свртувањето за влез во кулоарот од сртот на југоисточниот гребен под Кабаш на закосена стрмнина по хоризонтала во должина од 20 метри. Челичните жици-сајли за придржување се поставени во септември 2021 година во рамки на бележењето на патеката од селото [[Нивиште]] од страна на ПСД „Трансверзалец“ за планинарската акција на [[Планинарски предизвик „12 Врвови“]].
 
==Галерија==