Интернационални бригади: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Меѓународни бригади''' (на {{Lang-es|Brigadas Internacionales}}) — воени единици формирани од [[Комунистичка интернационала|Комунистичката интернационала]] за да ѝ помогнат на владата на [[Народен фронт (Шпанија)|Народен фронт]] во [[Втора Шпанска Република|Втората шпанска република]] за време на [[Шпанска граѓанска војна|Шпанската граѓанска војна]]. Организацијата постоела две години, од 1936 до 1938 година. Се проценува дека за време на целата војна помеѓу 40 илјади и 59 илјади луѓе учествувале во Меѓународните бригади, од кои 15 илјади загинале во борба.<ref name="Numbers">Thomas (2003), pp. 941–945; Beevor (2006), p. 157.</ref>
 
Бригадите учествувале во битките за Мадрид, Харама, Гвадалахара, Брунете, Белчите, Теруел, Арагон и Ебро. Повеќето од нив завршиле со пораз за Меѓународните бригади. Во последната година од своето постоење, Меѓународните бригади биле интегрирани во Шпанската републиканска армија, како дел од Шпанската странска легија. Организацијата била распуштена на 23 септември 1938 година од шпанскиот премиер Хуан Негрин во негов залуден обид да добие поголема поддршка од либералните демократии наво Комитетот за неинтервенција.
 
Меѓународните бригади биле силно поддржани од [[Комунистичка интернационала|Коминтерната]] и ја претставувале определбата на [[Советски Сојуз|Советскиот сојуз]] да ѝ помогне на Шпанија со оружје, логистика, воени советници и преку [[НКВД]], исто како што [[фашистичка Италија]], фашистичка Португалија и [[Трет Рајх|нацистичка Германија]] им помагале на националистите кои се бореле против тогашната шпанска влада.<ref name="Thomas 2003">Thomas (2003), pp. 941–945.</ref> Најголем број доброволци дошле од [[Франција]] (каде Француската комунистичка партија имала големо членство) и прогонети [[комунисти]] од Италија и Германија. Учествувале и многу [[Евреи]] од англофонските земји и од Источна Европа.<ref>{{наведена енциклопедија|url=http://www.jewishvirtuallibrary.org/jsource/History/spanjews.pdf|title=Against Fascism – Jews who served in the International Brigade in the Spanish Civil War|access-date=26 January 2012}}</ref>