Сењера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Сењера''' — [[Вексилолошки симболи|вексилолошки симбол]] заснован на [[Грб|грбот]] [[Арагонска Круна|на Арагонската круна]]. Грбот, кој може да се сретне и под изразот ''арагонски ленти'' или едноставно ''четирите ленти'', во минатото ги претставувал владетелите на Арагонската круна. Етимолошки, за името сењера генерално се прифаќа дека значи знаме, а поопширно може да се толкува и како ознака или некој сличен израз.
 
Шемата на дизајнот на сењерата е искористена на актуелните знамиња на четири [[Шпанија|шпански]] [[Автономни заедници во Шпанија|автономни заедници]]: [[Арагон]], [[Балеарски Острови|Балеарските Острови]], [[Валенсија (автономна заедница)|заедницата Валенсија]] и [[Каталонија]], и е знаме на градот [[Алгеро]] во [[Сардинија]], [[Италија]], кој во минатото ѝ припаѓал на Арагонската круна, а во кој денес се негува каталонската култура. Оваа шема е употребена и на државните грбови на [[Грб на Андора|Андора]] и [[Грб на Шпанија|Шпанија]], а следствено и на знамињата на овие држави, имајќи предвид дека грбовите на обете држави се претставени на нивните знамиња. Постојат повеќе локални примери во веќе споменатите територии, како и во Франција, каде се појавува сењерата. Исто така, сењерата понекогаш неформално се употребува и како ознака за [[Каталонски јазик|каталонскиот јазик]].
 
Изразот сењера се јавува и како [[синоним]] за ''кралско знаме'' (на [[каталонски]]: ''Senyal Reial'' или ''Senyera''; на стар [[шпански]]: ''Señal Real'' или ''Señera''), иако овој израз вообичаено се однесува на арагонското и каталонското знаме. Исто така, во [[Арагонски јазик|арагонскиот јазик]] сењерата обично се нарекува ''O Sinyal d'Aragón'', што во превод значи „знакот на Арагон“.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Сењера