Долина на кактусите: Разлика помеѓу преработките

месност во Македонија
Избришана содржина Додадена содржина
нс
Ознака: Изворно уредување 2017
(нема разлика)

Преработка од 10:15, 18 септември 2021

Долина на кактусите — месност над селото Клисура, во југоисточниот дел на Македонија, каде се наоѓаат бројни кактуси засадени од семето, кое го донеле птиците-преселници.[1]

Карта
Долина на кактусите

Месноста плени со шаренилото на кактусте, кои расцутуваат летно време со жолти цветови. Цутењето трае долго и може да се повторува повеќе пати во текот на годината.

Местоположба

Месноста се наоѓа над демиркапиското село Клисура.

Пристап

До месноста може да се дојде преку асфалтниот пат до самото село Клисура. По пристигнувањето во селото, при погледот на главната селска чешма, треба да се сврти десно кон главната селска црква „Св. Никола“. Ридот над црквата е всушност месноста „Долина на кактусите“.

Галерија

Наводи

  1. „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Посетено на 18 септември 2021.

Надворешни врски

41°23′04″N 22°17′25″E / 41.38444° СГШ; 22.29028° ИГД / 41.38444; 22.29028