Борис I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rescuing 0 sources and tagging 1 as dead.) #IABot (v2.0.8
с →‎Бугарска црква: Правописна исправка, replaced: атриар → атријар
Ред 42:
По покрстувањето, Борис побарал дозвола од [[Цариградската патријаршија]] за самостојна Бугарска патријаршија (види: [[Бугарска православна црква]]), но му било откажано. Како резултат на тоа бугарскиот цар се обратил кон [[Рим]] за дозвола од папата. Бугарските пратеници биле пресретнати со голема радост во [[Ватикан]]. Главното прашање на бугарскиот владетел кон римскиот папа било прогласување на главата на Бугарската црква за патријарх. Така, во Бугарија биле испратени кардиналот [[Папа Формоз|Формоз Портуенски]], епископ [[Павле Популонски]] и свештеници. Борис својот избор го направил за [[Папа Формоз|Формоз Портуенски]]<ref>Portus — кардиналско епископско седалище от III в. в римското предградие Порто, обединено през 1986 г. с епархията на Санта Руфина</ref>, кој подоцна станал римски папа.
 
Во [[867]] година нови бугарски пратеници пристигнале во [[Рим]] со молба папата да го ракоположи Формоз за патриархпатријарх, но [[папа Никола I]] откажал. На [[13 ноември]] [[867]] година неочекувано Николај починал. Новиот [[папа Адријан II]] исто така не се согласил. Во Бугарија биле испратени други двајца епископи - Гримуалд Полимартиски и Доминик Тривенски<ref>Polymartium — антично епископско седалище в Лацио</ref>. Папата му понудил на Борис да избере архиепископ на Бугарија меѓу нив двајцата и Павле Популонски. Борис упатил ултимативно барање за бугарски архиепископот да биде ракоположен за ѓакон Марин или некој од кардиналите на папата, но и ова барање на Борис било одбиено по кое Борис ги прекинал бугаро-римските односи, враќајки ги римските пратеници назад со многу дарови.
 
Борис повторно започнал преговори со [[Цариград]]. Така, на [[Четврти Цариградски Собор|Четвртиот Цариградски Собор]] (869-870) на вонредна седница, бугарското црковено прашање било решено преку компромис - се создала Бугарската црковна диоцеза, на чие чело како поглавар со титула „''митрополит на Драстар''“ бил поставен гркот Георги, со седиште во [[Плиска]], директно потчинет на Цариградската патријаршија. Папските пратеници добиле голем поткуп и биле испратени назад во [[Рим]]. Бугарската црква имала седум митрополии и била конструирана по византиски модел.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Борис_I