Пазар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
 
Според Курно, под пазар не се подразбира едно конкретно место на кое се купуваат и продаваат нештата, туку целокупноста не кој и да било регион во кој купувачите и продавачите слободно стапуваат во меѓусебни односи така што цените на истите производи имаат тенденција да се изедначат лесно и брзо. Според [[Стенли Џевонс]], иако првобитно поимот „пазар“ означувал место во [[град]]от на кое биле изложени предметите за продажба, со текот на времето овој израз добил општо значење и ги опфаќа сите лица кои се во блиски деловни односи и извршуваат бројни трансакции со некој производ. Притоа, местоположбата на пазарот нема никакво значење, зашто пазарните учесници можат да бидат распространети низ целиот град или низ целата земја, а сепак да сочинуваат пазар, ако се во тесна [[комуникација]] меѓу себе. Колку еден пазар е посовршен, толку е посилна тенденцијата, во исто време, еден ист производ да се продава по иста цена на различни делови од пазарот.<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 140-141.</ref> За да постои пазар за одреден производ, потребно е да бидат исполнети некои услови: производот да биде хомоген, т.е да има определени стандардни карактеристики (на пример, [[железо]] или [[жито]] од одредена класа) така што неговата побарувачка е општа; производот треба да биде траен и пренослив, т.е. да биде погоден за [[транспорт]] на големо растојание.<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 142.</ref> На пазарот владее општиот закон: колку е поголем пазарот за еден производ, толку помали се промените на неговата цена и толку помала е разликата меѓу куповните и продажните цени на дилерите.<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 144.</ref>
 
==Учесници на пазарот==
Во основа, на секој пазар учествуваат три групи учесници:<ref>Laurence Copeland, ''Exchange Rates and International Finance'' (Fifth Edition). Harlow, England etc.: Prentice-Hall-Financial Times, 2008, стр. 52.</ref>
* трговци, т.е. лицата кои учествуваат во пазарните трансакции (купувачите и продавачите на стоките)
* [[Арбитража (економија)|арбитражери]], т.е. лицата кои настојуваат да ги искористат разликите во [[Цена (економија)|цените]] на исти производи
* спекулатори, т.е. лицата кои настојуваат да заработат врз основа на очекувањата за идното движење на цените
Се разбира, во праксата, често е невозможно да се направи разлика меѓу овие три групи, односно тие не мора да бидат одделни пазарни учесници. На пример, продавачот кој редовно нуди одреден производ, истовремено ќе дејствува како арбитражер ако забележи дека цената на тој производ е повисока на друго место; исто така, ако очекува дека во иднина ќе порасне цената на производ, трговецот ќе се јави во улога на спекулатор.
 
==Поделба на пазарот==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пазар