Петар Георгиевски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додавање на слика
Додадени податоци за кариера
Ред 3:
 
== Кариера ==
Дипломирал на [[ФДУ]] во Скопје (1984), а потоа како актер во Суботичкот театар КПГТ на Љубиша Ристиќ – одиграни 600 претстави (1984-1989). Глуми во неколку ТВ играни проекти од кои е најпознат по улогата на Рио во ТВ-серијата „Трст виа Скопје“ (1988). Го формира првиот панк бенд во Југославија „Фол Јазик”(1978), а подоцна и легендарниот рок-бенд [[Меморија (музичка група)|„Меморија”]] (1984–1996).
 
15 години работи во МРТВ на неколку функции - Уредник на забавна редакција на музичка продукција на МРТВ каде е потписиник на преку 150 изданија на македонски изведувачи вклучувајчи ги Кирил Манчевски, Меморија, Јаков Дренковски, Џокси, Легенда, Архангел, Санаториум, Ареа и многу други. Помошник генерален директор за програма на МРТВ од 1999 до 2006 година. Го возобновува легендарниот [[Скопје фест|Скопски фестивал]] – (1994). Шеф на Македонската делегација на [[Македонија на Евровизија 2000|Евровизија 2000]] во Стокхолм (2000).
 
Oсновач и актуелен менаџер на [https://www.kls.com.mk/ KLS Events (1998-)]. KLS е водечка компанија за организирање на настани во регионот (Event industry) која организира и имплементира различни корпоративни и приватни настани. Со повеќе од 20 години искуство во областа, KLS обезбедуваат креативни решенија како консултанти за управување со настани. Препознатливи се по уникатните креативни решенија реализирани преку напредна технологија. Компанијата е позната во Македонија и регионот по своите големи капацитети и е ангажирана и на обемни проекти како предизборни политички кампањи, големи музички концерти и фестивали.