Транссексуалност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK #WPWP
с →‎top: Јазична исправка, replaced: преферира → претпочита
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Внимание}}
[[Податотека:TransgenreatParis2005.JPG|алт=Јули Шулц со буквите „XY“ напишани на нејзината дланка на демонстрациите во Егзистранс во 2005 година во Париз |мини|Јули Шулц со буквите „XY“ напишани на нејзината дланка на демонстрациите во Егзистранс во 2005 година во Париз]]
'''Транссексуалец/ка''' е личност која чувствува, верува дека е заробен/а во тело на спротивниот пол и има намера да преземе чекори за да започне да живее во склад со својот родов идентитет. Оваа состојба уште е позната како gender dysphoria, што значи незадоволство поради својот биолошки пол. Терминот "транссексуалец" понекогаш се меша со терминот "трансродов", што важи за личности што "варираат" помеѓу двата пола, но добар дел од нив немаат намера да прават хируршки промени. Исто така, понекогаш постои конфузија и со зборот "трансвестит", кој важи за луѓе кои преферираатпретпочитаат да носат облека од другиот пол поради најразлични причини, но тие најчесто немаат намера да го променат полот.
Транссексуалците се кандидати за операцијата за промена на полот која започна со случајот на Кристин Џоргенсон. Терминот "транссексуален" се користи и за периодот пред и за периодот по операцијата. Постојат два вида на транссексуалци: машко-кон-женско (МкЖ), кои имаат машко тело, но чувстуваат дека се жени (male-to-female transsexuals) и женско-кон-машко (ЖкМ), кои имаат женско тело, но чувстуваат дека се мажи (female-to-male transsexuals). МкЖ транссексуалците се повеќе склони кон барање помош и почесто подлежат на операции, дел и затоа што опeрациите во тие случаи се полесни. Имајќи ја предвид разликата помеѓу полот и сопственото доживување на полот, важно е да се забележи дека транссексуалноста не е проблем на сексуално однесување, туку на полот и родовиот идентитет. Тоа значи дека транссексуалната личност не е преокупирана со некој посебен вид на сексуално однесување, туку со желбата да биде женско ако е нејзиното тело машко, или обратно.