Мода: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: се додека → сè додека
с →‎Интелектуална сопственост: Јазична исправка, replaced: преферира → претпочита
Ред 51:
Урбана облека , се мисли на широка група на облека и украси и детали на облеката која на времето се развила во местата на големите градови. Урбаната облека потекнуваод латино и афроамериканските млади луѓе кои живееле во двата главни градови - Њујорк и Лос Анџелес.Њујорк се наоѓа на источниот брег на САД, а Лос Анџелес се наоѓа на западниот брег. И двете од овие локации додале елементи на стилот којшто денеска цел свет го следи. Поради поврзаноста со градовите, урбаната облека може да се каже дека ја претставуваат култури, кои се доминантни во градските подрачја.
Културата во големите градови често се развива како резултат на некои фактори како што е музиката а тоа може да се случи и во било која друга земја. Иако овој стил на облека веќе долго време се поврзува со одредена социјална група, ова веќе не е ништо ново. Хип-хоп стилот е проследен од сите луѓе низ целиот свет . Покрај тоа, градските подрачја отсекогаш биле во предност за лансирање на секој нов производи и биле над руралните средини , бидејќи градските подрачја се повеќе густо населени. Покрај тоа,реакцијата на народот за новите производи од градските области е многу позначајна а далеку понезначајна е онаа од народот од руралните области.
Урбаната облека е многу широк термин кој вклучува неколку типа на облека . Овие неколку типа на облека вклучуваат :тренди (ин) маички , фармерки ,елегантни модерни чевли , спортски куси пантолони и класични пантолони. Исто така, се карактеризира со накит, разни видови на додатоци и козметика. Ако сакате да се приклучите на овој тренд, обидете се да носите маици со графички дизајн во бела, црна и сива боја. Ако префериратепретпочитате нешто малку повеќе радикално, исто така, може да користите урбан стил на облека која е доста контрадикторна, како што е носењето на искинати фармерки со елегантна и уредна кошула.
Урбаната облека има стекнато големо значење, во онаа смисла дека луѓето станаа се повеќе свесни за нивната облека и почнаа да поминуваат повеќе време во врска со изборот на нивната облека. Тие одат на пазарите и трговските центри неделно за да бидат во тек со менувањето на модата. Ова е затоа што луѓето се повеќе свесни за нивната околина и за тоа што луѓето околу нив носат. На некој начин, урбана облека го зголеми кај луѓето чувството за мода.
Еден од поинтересните и значајни аспекти е во тоа што обично урбаната култура се претставува под различни имиња на марки. Ова е последица на промоцијата на бренд културата во последниве години. Како што е објаснето претходно, пошироката јавност ја сфатила важноста на стилот па тие сакаат да ја употеебуваат онаа облека што е се повеќе модерна и примамлива. Поради ова, формалните кошули и фустани се заменети со стилски капи и фармерки; трендовските патики го презеле местото на формалните чевли; а традиционалните шапки се заменети со спортски капи од различни дизајни. Општеството покажа ентузијазам за оваа промена во стилот и стана сè по популарен.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мода