Богородичната црква во Париз: Разлика помеѓу преработките

с
→‎За романот: Јазична исправка, replaced: преферира → претпочита
[проверена преработка][проверена преработка]
с (→‎Кратка содржина: Правописна исправка, replaced: се додека → сè додека)
с (→‎За романот: Јазична исправка, replaced: преферира → претпочита)
== За романот ==
 
Иго започнал да го пишува романот во [[1829]] година, а го завршил во февруари [[1831]]. Го насловил само како ''Богородичната црква во Париз'' (фр. ''Notre-Dame de Paris''), но преведувачите на разни јазици насловот го адаптирале како ''Грбавецот од Богородичната црква'' (англ. ''The Hunchback of Notre Dame'') или во поновите преводи ''Ѕвонарот од Богородичната црква''. Иго го префериралпретпочитал насловот што го одбрал за книгата, бидејќи сметал дека самата црква е главен лик во романот.
 
Голем дел од романот ја опишува црквата, и го осудува нејзиното напуштање по оштетувањата кои ги претрпела за време на [[Француската револуција]] кога толпите, сметајќи ја за симбол на стариот систем, ја вандализирале и ги уништиле инвентарот, внатрешноста и голем дел од прозорците. Описот на црквата е живо олицетворение на идеите на [[романтизам|романтизмот]]. Тоа не е само голем архитектонски споменик, туку е и жив гигант под чии нозе се престигнуваат вековите и поколенијата. Џиновската кула на катедралата е некој вид симбол на [[вечност]]а, кој се открива во некои појави. Со истата таа желба кон вечното писателот им приоѓа и на своите личности, кои се борат, страдаат и се радуваат во подножјето на бесмртниот џин.