Антиглобализам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јзична исправка, replaced: индивидуите → единките using AWB
с →‎top: Јазична исправка, replaced: преферира → претпочита
Ред 1:
'''Антиглобализам''' или ''Антиглобалистичко движење'' — термин кој најчесто се користи за да се опишат и генерализираат социјалните групи кои протестираат против глобалните трговски договори, за негативните ефекти на слободна трговија во сиромашниот свет, оштетувањето на животната средина и меѓународната воена интервенција, или кои се плашат од негативните последици од [[глобализација]]та. Антиглобализациските групи се борат за намалување на моќта и влијанието на меѓународните корпорации и организации како [[Светската банка]], економски и политички сојуз на народи и трговски договори кои влијаат на нацијата, народ и на животната средина.
 
Различни аспекти од глобализацијата се сметаат за штетни од страна на активистите за јавниот интерес како и за националистите од моќните држави. Ова движење нема унифицирано име. „Антиглобализација“ е терминот кој се преферирапретпочита во [[медиуми]]те. Самите активисти сметаат дека ова име е бесмислено и безначајно, со оглед на тоа што целта на ова движење е да се глобализира правдата. Впрочем „глобално движење за правда“ е исто така распространето име. Многу активисти се обединети под слоганот: „Друг свет е можен“.
 
Има широк спектар на различни видови на антиглобализација. Воглавно, критичарите тврдат дека резултатите на глобализацијата не се она што се предвидувало да бидат кога започнале обидите за [[слободна трговија]], и дека многу институции вклучени во системот на глобализација не ги земаат предвид интересите на посиромашните нации и на [[Работничка класа|работничката класа]].