Орландо: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 11 месец
с
→‎Основање: Правописна исправка, replaced: се уште → сè уште
с (→‎top: Јазично подобрување, replaced: дестинација → одредиште, чка одредиште → чко одредиште (2), на туристичко одре → но туристичко одре, а ту)
с (→‎Основање: Правописна исправка, replaced: се уште → сè уште)
Откако во 1845 година беше поделен округот Москито, Орландо стана седиште на новиот округ Оринџ во 1856 година. Тој остана рурална област за време на Граѓанската војна и претрпе многу голема штета за време на блокадата на унијата. Ерата на реконструкција придонесе за нагло зголемување на бројот на населението, што доведе до основање на градот Орландо на 31 јули 1875 година, кој потоа стана метропола во 1885 година.
Периодот од 1875 до 1895 година е запаметен како Златна ера на Орландо, кога градот стана центар на индустријата со цитрони во Флорида. Но Големиот мраз од 1894-1895 година принуди голем број на сопственици да се откажат од нивните самостојни насади, притоа здружувајќи се со фарми кои биле во рацете на некои т.н „грофови на цитрони“ кои ги префрлиле своите дејности на југ посебно околу реката Велс во округот Полк.
Меѓу позначајните сопственици на фарми било семејството Кари. Низ нивниот имот во источен Орландо течела реката Еконлокхачи, преку која поминувале патниците бидејќи имало одредено место каде што водата била доволно плитка за преминување. Со името на семејството е одбележано името на улицата - Кари Форд роуд. Исто така, јужно од аеродромот во областа Боги крик во доцниот 19 век имало 150 хектари (0,61 км квадратни) земјиште во сопственост на семејството Вард. Овој имот сесè уште е во сопственост на семејството Вард и може да се види од авион кога се лета јужно од аеродромот во Орландо.
== Периодот по индустриската револуција ==
Орландо, како најголем град во Флорида кој не излегува на море, стана популарно одморалиште во годините помеѓу шпанско-американските војни и Првата светска војна. Во дваесеттите години на минатиот век за време на брзиот развој во Флорида Орландо доживеа нагло населување. Цените на земјиштето се зголемија. Во овој период беа изградени неколку населби со бунгалови во центарот на градот. Бумот заврши во доцните дваесетти години на минатиот век кога заедно со големата економска депресија Флорида ја погодија и неколку урагани.