Клисура (Костурско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Исправка на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: Географиja → Географија, Историja → Историја
с →‎ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА КЛИСУРА: Правописна исправка, replaced: се уште → сè уште
Ред 32:
Наредниот ден, по неуспешниот обид за напад на Костур, Лазар Поп Трајков се упатил за с.Д’мбени, Васил Чакалров кон с.Шестеово, а во с.Вишени заминал Иван Попов.[3] Првиот судир меѓу востаниците и османлиската војска, која била стационирана во с.Вишени и броела околу 100 војници, се случил на 21 јули, по кој Турците го напуштиле селото и се повлекле во Костур. Целта на костурското раководство во првите акции биле селските гарнизони, кои биле стационирани во поголемите села во околијата.[4] Освен судирот во с.Вишени, војската од останатите села успешно се повлекла во Костур, на тој начин избегнувајќи ја вооружената конфронтација со, во тој период, помоќниот противник.
 
Нападот на Клисура се случил на 23 јули 1903 година. Претходно, еден ден порано, на своја рака и без координација со останатите раководители, мокренскиот војвода, Никола Андреев, со својата чета извршил напад на Клисура. Поради доброто утврдување, но и побројниот непријател, оваа акција завршила неславно.[5] Додека траел овој судир, костурските раководители и востаници започнале да се собираат на месноста Врбица над с.Загоричани. Наредниот ден, на 23 јули, откако дознале дека војската го има напуштено селото и со цел да го вклучат населението во востанието, Чакаларов и Кљашев „со знамето и со една дружина од околу 60 души слеговме во Загоричани“.[6] Додека последните се наоѓале во Загоричани, Иван Попов со неколку чети стационирани кај месноста Врбица и во с.Бобишта, кое се наоѓа на пола пат меѓу Загоричани и Клусура. Првобитниот план, спред Иван Попов, бил, откако ќе се дигнат на востание с.Загоричани и Бобишта, да се нападне Клисура од две страни.[7] Но, додека востаниците се распоредувале на предвидените позиции, османлиската војска од Клисура ги забележала, при што зеземала борбени позиции на крајот од градот. Исто така, во исто време била забележана војска, која се приближувала кон Клисура од правец на градот Кајлари. Во согласност со ново настанатата ситуација, војводата Иван Попов направил ново прераспределување на востаничките сили. На постојните позиции, четата од с.Шестеово требало да ја задржи османлиската војска од Клисура, додека други две чети биле постевени на позиции, лево и десно, на патот по која се движела војската од Кајалри, кон која директно се упатил Попов со својата чета.[8] Востаниците, поради подобрите позиции, успеале да ја поразат кајларската војска и да ја принудат на панично бегство, при што успеале да присвојат поголемо количество на воен и санитетски материјал и прехранбени продукти. После оваа битка востаниците, кои учествувале во истата, се упатиле кон позициите на своите соборци, кои веќе се бореле со војската од Клисура. Во меѓувреме, Попов ги известил Чакаларов и Кљашев, кои сесè уште се наоѓале во Загоричани, да се упатат кон градот од страна на Которската планина и да ја нападнат војската од задгрб.[9] Најпрвин кон Клисура се упатил Манол Розов со 150 четници, но после второто писмо на Попов, во кое нагласил дека било потребно сите вооружени сили да се упатат кон градот, Чакаларов и Кљашев со 250-300 востаници се упатиле кон Которската планина од страна на с.Куманичево.[10] Додека востаниците предводени од Чакаларов се приближувале кон позициите, битката на другата страна од градот веќе била разгорена. Попов, заедно со своите чети, војувал 4 часа со клисурската војска. Појавата на новите востанички сили ги изненадило Турците и после краток судир биле принудени да ги напуштат позициите надвор од градот. Групата која настапувала од с.Куманичево, после протерувањето на османлиската војска која се наоѓала над Клисура, направила ново распроредување. Дел од востаниците останале на претходните позиции на војската како заштита од евентулен контраудар од страна на Турците, додека останатите, од неколку правци, започнале да навлегуваат во градот. Останата, помногубројна, војска која се наоѓала во Клисура, откако, според Чакаларов, „видоа дека момчињата настапуваат без запирање и со викови ’ура’“, почнале панично да го напуштаат градот.[11] Македонските востаници, после овој напад, се стационаирале на влезот на Клисура, кај црквата св. Илија, по што биле направени потребните распоредувања околу градот. Тука пристигнале, во воен ред и со песна, четите предводени од Попов, кој споменува дека биле љубезно пречекани од влашкото население со извиците „ула“.[12] Власите не можеле да изговорат „ура“. Непречени од никого востаниците влегле во Клисура, според Чакаларов, најпрвин тоа го направиле раководителите со 15-20 луѓе, а потоа и останатите четници, додека, според Попов, во градот влегле сите востаници.[13]
 
За бројот на востаниците кои учествувале во акциите за ослободување на Клисура постојат различни податоци. Христо Силјанов, во книгата „Ослободителните борби на Македонија“, том II, навел бројка од над 600 востаници, додека Иван Попов, во спомените, кажува дека во завршните акции имало околу 800 луѓе.[14] Во секој случај, користејќи ги споредбените извори и расположливи материјали, можеме да заклучиме дека бројот на востаниците кои учествувале во ослободувањето на Клисура се движел околу 600 луѓе. Бројката која ја изнел Попов, се должела, најверојатно, на вкупниот број на востаници кои наредниот ден се собрале во градот. На 24 јули во Клисура пристигнал мокренскиот војвода Никола Андреев со, околу, 150 луѓе, кои по претходно неуспешниот напад на градот, во мали групи, се повлекле во околните места. Исто така, истиот ден пристигнале и селските чети од с.В’мбел и Куманичево.[15]