Клаудија Шифер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Медиумски настапи: Правописна исправка, replaced: отвара → отвора
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: се уште → сè уште
Ред 9:
Најпрво таа сакала да стане адвокат и работела во адвокатската канцеларија на татко и. Подоцна ја напушти оваа работа, кога во октомври 1987 во една дискотека на 17-годишна возраст ја забележал Мајкл Леватон, шеф на моднта агенција ''Метрополитан'', кој ја ангажира како модел.
 
Откако го заврши своето образование почна да работи како модел. Одлета во Париз за фото сесија и откако беше добро прифатена во [[Париз]], наскоро се појави на насловната страна на француското списание „Ел“. Во почетокот на 1990-тите таа почна да работи во високо рангираната „Гес“ кампања на фармерки. Пол Марчиано изјави во „Форбс“ дека таа е во Топ 15 најуспешните супермодели. Името „Гес“ стана многу попопуларно низ светот благодарение на Клаудија. Откако се појави во уште неколку други списанија на насловна страна, вклучувајќи и насловната на британскиот „Вог“, сликана од Херб Ритс, Шифер набргу се здоби со титула на супермодел и беше избрана од страна на Карл Лагерфелд да стане новото заштитно лице на „Шанел“. Таа стана светски позната, веднаш препознатлива по нејзините сини очи, руса коса и височина од 1,81 метар. Во ноември 1999, Шифер се појави на насловната на „Вог“, како една од „модерните музи“. Именувана како една од најубавите жени во светот, нејзината можност да апелира до глобалните гледачи, направи успешна кариера која трае повеќе од 25 години. Шифер беше првиот модел кој се појави на насловна страница на „[[Венити Фер]]“, „[[Ролинг Стоун]]“, „[[Њујорк Тајмс]]“ и „[[Пипл]]“, и повеќепати се појави на насловните страници на „[[Вог]]“, „[[Харперс Базар]]“, „[[Ел]]“, „[[Космополитан]]“ и „[[Тајм]]“. Шифер се појави на модна писта за многу модни куќи, вклучувајќи ги ''[[Версаче]], [[Ив Сен Лорен]], [[Долче и Габана]], [[Шанел]] и [[Валентино]]''. Како што потпиша со луксузни брендови, Шифер се појави како заштитно лице на трговците на големите улици како Манго, Аксесорајз, и за првпат стави пирс на увото специјално за кампањата на ''Аксесорајз'' 2006 есен/зима. Исто така настапи во реклами за [[''Пепси'']] и [[''Фанта'']]. Од нејзиното појавување за рекламата на Ситроен, таа заработи 3 милиони фунти. Шифер сесè уште има договор со [[''Лореал'']] и е еден од нивните гласници која останала најдолго. Карл Лагерфелд ја фотографираше Шифер за кампања на [[„Дон Перињон“]], 17 години по нејзиното прво појавување за „[[Шанел]]“. Шифер се појави во последните кампањи за ''[[Шанел]], [[Ив Сен Лорен]], [[Салваторе Ферагамо]] и [[Долче и Габана]]''. Неодамна се појави како заштитно лице на кампањата за очила на „[[Шанел]]“. Таа има потпишано со неколку агенции исклучиво заради нејзините интереси во моделирање, вклучувајќи ги групацијата ''Д Менаџмент'' во [[Милан]], ''1/Еден Менаџмент'' во [[Њујорк]] и ''Мерилинс'' во [[Париз]]. Нејзина матична агенција е Модел Менаџмент во [[Хамбург]]. Шифер беше судија на ''Фешн Фринџ'' 2011. Во 2012, таа повторно позираше за црно-бели реклами на ''Гес'', со што ја обележа 30 годишнината на брендот. Шифер ја лансираше својата кашмир колекција за време на модната недела во Париз во март 2011. Колекцијата глобално се продава го стоковните продавници и бутици. Шифер е креативниот директор на брандот.
 
== Медиумски настапи ==