Михаил IV Пафлагонецот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија, replaced: римско царство → Римско Царство (6)
с Правописна исправка, replaced: ]]г → ]] г (7), 1г → 1 г, 4г → 4 г
Ред 23:
|mother =
}}
'''Михаил IV Пафлагонецот''', ({{lang-el|Μιχαὴλ (Δ´) ὁ Παφλαγών}}, ~ 1010 - 10 декември 1041) — [[Источно Римско Царство|византиски]] [[Византиски цареви|цар]] од [[Македонска династија|Македонската династија]] кој владеел од 11 април 1034г1034 г. сè до неговата смрт на 10 декември 1041г1041 г. Тој го должи неговиот подем на царицата [[Зоја Порфирогенита|Зоја]], ќерката на царот [[Константин VIII]] и жена на [[Роман III Аргир]].
 
==Љубовник на Зоја и качување на царскиот престол==
Меѓу царот [[Роман III Аргир|Роман III]] и царицата [[Зоја Порфирогенита|Зоја]] подолго време постоела длабока неслога. Откако дошол до царската круна, Роман Аргир не покажувал веќе никакво интересирање за старата царица, почнал да ја запоставува, па дури и ги скусил и паричните средства. Меѓутоа, царицата Зоја, која штотуку почнала да ужива во радостите на тој живот, не допуштила лесно да биде елиминирана. Нејзиниот поглед се запрел на младичот Михаил, селанец од [[Пафлагонија]], кого неговиот брат, влијателниот дворјанин евнухот Јован Орфанотроф, го вовел во Геникејот на царскиот двор. Бидејќи како евнух и калуѓер не можел сам да претендира на царската круна, тој решил да му ја осигура на неговиот брат. И итриот евнух не се излажал во својата сметка: Зоја се заљубила во убавиот младич со сиот жар на задоцнетите страсти. И така се случило што Роман III, на [[11 април]] [[1034]] г., одненадеж умрел во бања. Истиот ден царицата се омажила за својот млад љубовник и тој се качил на престолот како цар Михаил IV.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 389.</ref>
 
==Владеење==
Ред 33:
 
===Востанието на Петар Делјан===
Немилосрдниот фискализам на владата предизвикал на [[Балкан|Балканскиот Полуостров]] големо [[Востание на Петар Делјан|востание]] во [[Македонија]]. Наспроти внимателните одредби на [[Василиј II]], владата на Пафлагонците побарала и од балканското население да плаќа данок во пари. Покрај тоа [[Цариградска патријаршија|Цариград]] почнал да спроведува елинизација на македонските области. Кога во [[1037]] г. умрел [[Список на архиепископи на македонската и охридската архиепископија|охридскиот архиепископ]] [[Јован Дебарски|Јован]], за негов наследник бил поставен [[Грци|Гркот]] [[Лав I (охридски архиепископ)|Лав]], хартофилаксот на [[Света Софија - Истанбул|Света Софија]]. Востанието зело огромен замав. [[Петар Делјан]], кој се чини, бил син на [[Гаврило Радомир]], бил прогласен во [[1040]] г. во [[Белград]] за цар. Неговата власт брзо и силно се ширела, па не само што ги зафатила македонските земји, туку и области на северна [[Грција (регион)|Грција]]. Се чинело дека [[Самоилово царство|Самоилото царство]] ќе биде обновено. Пресвртот настапил кога на востаниците им се придружил [[Алусијан]], син на [[Јован Владислав]], кој откако направил кариера во [[Источно Римско Царство|византиската]] служба, паднал во немилост, ги изгубил позициите и имотот и најпосле побегнал од [[Цариград]]. Изненадена и збунета од неочекуваниот замав на востанието, Византија постепено се соземала. При обидот на [[Солун]], Алусијан претрпел тешок пораз и тоа значително ги ослабело востаничките сили, а конечно ги разнишале внатрешните кавги: судирот меѓу делјан и Алусијан, заговорот склопен против Делјан, неговото ослепување и враќањето на Алусијан во Византија. Сега на Византијците им било лесно да го ликвидираат востаничкото до распад, и да ги поразат остатоците од востаничката војска и да го заробат слепиот Делјан. Веќе во [[1041]] г. востанието било конечно задушено, побрзо отколку што според неговите размери и првобитни успеси можело да се очекува. Меѓутоа, византиската власт на Балканот со тоа востание била забележително ослабена.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 390-391.</ref>
 
===Зета===
[[Дукља|Зетскиот]] кнез [[Стефан Воислав]] повеќе години водел борба за независност на својата земја. Неговото прво востание против [[Источно Римско Царство|византиската]] власт не успеало ([[1035]] г.) но, по привременото потчинување и краткото време помината во византиското ропство, успеал да се врати во својата земја, да ја обнови борбата за нејзино ослободување и да извојува повеќе победи над византиските казнени експедиции. Кога потоа востанијата на Петар Делјан и Тихомир ги ангажирало сите византиски сили на [[Балкан]]от и ја срушило византиската власт во [[Драч]], Воислав значително ја засилил својата позиција. По задушувањето на [[Востанието на Петар Делјан|Делјановото востание]], Византија се обидела да се пресмета и со непокорниот кнез на Зета. Откако воспоставила власт во Драч, таа во [[1042]] г. испратила против него поголема војска, а ги повикала и вазалските владетели на [[Рашка]], [[Босна (регион)|Босна]] и [[Захумје]] да и се придружат. Меѓутоа, во зетските клисури Воислав целосно ја уништил војската на византискиот стратег и со оваа победа осигурал конечна независност за своето кнежевство. Неговата власт се проширила и над [[Травунија]] и Захумје. На тој начин Зета успеала прва да се ослободи од византискиот суверенитет.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 391-392.</ref>
 
==Смрт==
По сузбивањето на [[Востанието на Петар Делјан|Делјановото востание]], Михаил IV се вратил од [[Балкан]]от тешко болен. Бидејќи неговата смрт можела да се очекува секој час, Јован Орфанотроф се погрижил да ја зачува царската круна за своето семејство. Царицата [[Зоја Порфирогенита|Зоја]] се согласила да го посвои неговиот и царев внук [[Михаил IV Калафат|Михаил]], па тој бил прогласен за цезар и престолонаследник. Не чекал долго на царската круна зашто веќе во [[декември]] [[1041]] г. Михаил IV умрел.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 392.</ref>
 
== Наводи ==