Исус Христос: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Погледи за животот на Исус: Изменето име на предлошка, replaced: Античка Грција → Стара Грција, античките Грци → Старите Грци
Дополнување за титулата „Син Божји“: каде се користи, за кого се користи, значењето на „единороден“, и целокупното значење на титулата во однос на Исус Христос.
Ред 120:
 
Титулата „Христ“ или „Христос“ потекнува од грчкиот збор χριστός, грчки израз за [[Месија]] или ''„оној кој е миропомазен“''. Историчарите, многупати дискутирале околу тоа што би можело да значат овие зборови за времето во кое Исус живеал. Сепак, истите сметаат дека многу други титули кои се однесуваат на Исус во [[Нов завет|Новиот завет]], во [[1 век]] имале сосема друго значење за разлика од денес.<ref>Vermes, "Jesus the Jew: A Historian's Reading of the Gospels"</ref>
 
Титулата „Синот Божји“, во Библијата, е повеќепати искористена за Исус Христос (Мат. 16:16; Јвн. 1:49). Исус велел за себеси дека е Синот Божји (Мк. 14:61-62), па ''„...Бога Го нарекуваше Свој Отец, правејќи се еднаков со Бога.“'' (Јвн. 5:18). Иако, во ограничена смисла, ангелите и верниците биле нарекувани „синови Божји“ (на пр: 1 Мој. 6:2,4; Јов 1:6; 2:1; 38:7; Мат. 5:9; Рим. 8:14), сепак постои само еден „единороден“ Божји Син (Јвн. 3:16). Зборчето „единороден“ не значи дека Исус бил создаден, бидејќи тој постои отсекогаш (Јвн. 1:1), туку зборува за Неговото отелотворување (Јвн. 1:14; Флп. 2:6-8) преку девственото раѓање (Мат. 1:18-25; Лк. 1:26-56; 2:1-21). Всушност тоа е старогрчкиот збор „моногенес - μονογενής“ што значи и „единствен; уникатен“.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.gotquestions.org/only-begotten-son.html|title=What does it mean that Jesus is God’s only begotten Son?}}</ref> Иако ангелите и верниците можат да се наречат синови Божји, сепак постои само еден Син Божји Кој е уникатен т.е. Кој е отсекогаш постоечки, дел од Тројството и е целосно Бог. Ангелите и луѓето се Божји синови по креација, но само Исус е Божји Син по природа.
 
Титулите „Боженствен“, „Син Божји“, „Бог“, „Господ“, „Спасител“ се титули кои се однесувале и на [[Октавијан Август]], кој станал цар по неговата победа над [[Марко Антониј]] во [[Битка при Акциум|Акциум]] во [[31 п.н.е.]]. Според [[Џон Доминик Кросан]], овие титули на Исус му биле додадени од страна на првите христијани.<ref>Crossan, John Dominic, God and Empire, 2007, стр. 28</ref>