Ејми Вајнхаус: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Настапи во живо: Правописна исправка, replaced: се додека → сè додека
с →‎Врски: Правописна исправка, replaced: се уште → сè уште
Ред 73:
Вајнхаус стапува во брак со Блејк Филдер- Цивил (роден август 1978), поранешен помошник за видео продукција, на 18 мај 2007 година, во Мајами, Флорида. На возраст од 16 години, Филдер- Цивил го напушта Bourne Grammar School, се сели од неговиот роден град Ликоншир, во Лондон. Во интервју од јуни 2007, Вајнхаус признава дека може биде насилна кон него, кога е под дејство на алкохол. Во август 2007 година, тие се фотографирани, крвави и со модринки, по улиците на Лондон по наводната борба, иако Ејми тврдела дека нејзините повреди сама ги предизвикала. Родителите на Вајнхаус и родителите на нејзиниот сопуг јавно ја објавиле својата загриженост, стравувајќи дека тие двајца би можеле да извршат самоубиство, а таткото на Филдер- Цивил ги поттикнувал обожавателите на Вајнхаус да ја бојкотираат нејзината музика. Филдер-Цивил е цитиран во еден британски таблоид како вели дека тој ја навлекол Ејми на крек, кокаин и хероин. За време на посетата на Мич Вајнхаус во затвор во јули 2008 година, Филдер- Цивил наводно, изјавил дека тие ќе ја намалат употребата на дрога за да ја ублажат болката од одвикнувањето.
Од 21 јули 2008 година до 25 февруари 2009 година, Филдер- Цивил бил затворен по неговата изјава за виновен по обвиненијата за попречување на спроведување на правда, како и со обвинение за тешки телесни повреди со намера. Инцидентот, во јули 2007 година, се состоел од напад на сопственикот на еден паб, во кој се здоби со скршен образ. Според обвинителството, сопственикот прифатил 200,000 фунти, како дел од договорот за "непојавување на суд и офрлање на случајот". Обвинителството сведочело дека парите кои се користеле за да се исплати сопственикот припаѓале на Вајнхаус ", но дека Вајнхаус се повлекла од средба со луѓето вклучени во настанот, затоа што таа требала да присуствува на церемонијата за доделување на награди.
Вајнхаус била забележана со глумецот Џош Бауман на одмор во Света Луција, во почетокот на јануари 2009 година, велејќи дека таа е "во љубов, повторно, и не ми треба дрога." Таа изјавила дека "целиот брак се засноваше на употреба на дрога "и дека " сега за сега јас заборавив, дури дека сум во брак. " На 12 јануари, портпаролот на Вајнхаус, потврдува дека "се примени документите", за што адвокатот на Филдер- Цивил изјавил дека како причината за бракоразводната постапка е наведена прељуба. На 25 февруари, Блејк Филдер-Цивил беше цитиран како изјавил дека тој планира да продолжи со бракоразводната постапка и да си даде нов почеток без конзумирањена дрога. Во март Вајнхаус е цитирана во едно списание како вели: "јас сесè уште сакам Блејк и јас сакам тој да се всели во мојата нова куќа заедно со мене – отсекогаш тоа беше мојот план... јас нема да му дозволам да се разведе од мене. Тој е машка верзија од мене и ние сме совршени еден за друг". Неспорно, одлуката за разводот била донесена на 16 јули 2009 година, и се финализирала на 28 август 2009 година. На барање од Филдер- Цивил тој не добил никаков паричен надоместок од спогодбата.
 
=== Злоупотреба на супстанции и ментални здравствени проблеми ===