Нова Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Јазична исправка, replaced: корекции → исправки
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: се на се → сè на сè
Ред 28:
На третата седница на [[Президиум на АСНОМ|Президиумот на AСНОМ]], која била одржана од 2 до 5 септември 1944, во манастирот [[Прохор Пчински (манастир)|Прохор Пчињски]], била донесена одлуката за основање дневен весник.<ref name=istorija>{{нмс| title= Само за придавката „северна“ се потребни 288 исправки | url=https://www.novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/%d1%81%d0%b0%d0%bc%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%b4%d0%b0%d0%b2%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d1%82%d1%80/ | publisher= Нова Македонија | date=2018-10-10 | accessdate=2018-10-18}}</ref> Веднаш потоа било задолжено Агитациско-пропагандното одделение (АГИТПРОП) при ЦК КПМ и Главниот штаб да формира и специјална комисија, која ќе го подготвува и ќе го издава овој дневен весник. За името на весникот уште веднаш паднале три предлози – Независна Македонија, Слободна Македонија и Нова Македонија. Најприфатливо било името Нова Македонија, бидејќи истакнувало дека станува збор за нова преродба, нова современа македонска држава, со поинакво општествено политичко уредување, со нови и поинакви принципи и начела на раководење и живеење.<ref name=istorija/> Иако битките за конечно ослободување биле во тек и интензивно се одвивале, во исто време до сите народноослободителни одбори и други органи и организации пристигнала директива на Поверенството за информации, во која дури и се дал потсетник за тоа „што да се пише во дописките“. Притоа се нагласува дека: <blockquote>Весникот нема да е еден сувоофицијален орган, кој ќе публикува само заповеди и решенија и ќе излегува само со некоја политичка статија, ами треба да се претвори во широк, масовен лист, да стане истински народен весник…<ref name=istorija/></blockquote>
 
Првиот број излегол на [[29 октомври]] [[1944]] година во [[Горно Врановци]], а за негов прв главен уредник е назначен [[Васил Ивановски]]. „Нова Македонија“ е првиот македонски дневен весник, основан со решение на Президиумот на АСНОМ. Првиот број е објавен на 29 октомври 1944 година во селото Горно Врановци, каде што денес се наоѓа првата печатница, претворена во музеј. Весникот кој сесè на сесè имал точно 8 страници излегол во мал тираж, бил дистрибуиран до бригади, штабови и многу здруженија и претставувал прв официјален документ испечатен на кодифициран македонски јазик. Вториот број бил отпечатен во [[Битола]], а од третиот (22 ноември) се печати и излегува во Скопје. Весникот излегол дури и на 27 јули 1963 година, ден по скопскиот земјотрес.
 
По бурните транзициски години, обновената „Нова Македонија“ почна да излегува на 30 април 2008 година.