Чикаго Булс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎1993-1995:Првото пензионирање на Џордан: Правописна исправка, replaced: себе си → себеси
с →‎1976-1984: Гилмор и Теус: Правописна исправка, replaced: се уште → сè уште
Ред 44:
1984-1998: Ерата на Мајкл Џордан
Летото 1984 година тимот на Булс ја измени својата иднина засекогаш со тоа што го доби третиот избор на играч на драфтот 1984 г. по тимовите на Хјустон и Портланд кои ги добија првиот и вториот избор на играч.Тимот ,,Рокетс’’ го избраа Хаким Олаџувон, ,, Блејзерс’’ го избраа Сем Боуви, а пак тимот на Булс го избра Мајкл Џордан со позиција бек. Тимот со ново оформеното раководство на сопственикот Џери Рајнсдорф и генералниот менаџер Џери Краус одлучи да направи целосна реконструкција на тимот, со што Џордан беше во преден план. Џордан постави рекорди во франшизата уште во неговите дебитантски години, трет играч во лигата по погодени бодови и четврт во украдени топки.Тој уште во првата година се избори и ги одведе Булс на Плејофот таа сезона, но за жал изгубија во првото коло од тимот на ,,Милвоки Бакс’’.Тој за неговиот труд таа година беше почестен со две награди, место помеѓу вториот тим на најдобрите играчи во НБА (All-NBA Team-second team) и наградата за најдобар најмлад играч во лигата.
Во наредната сезона тимот го купи играчот Џон Паксон кој играше на позицијата организатор на игра, и на денот на драфтот Булс направи договор со тимот Кливленд за крилниот центар Чарлс Окли. Овие играчи заедно со Џордан и центарот Дејв Корзин придонесоа многу за нападот на тимот во наредните две години. По повредата на стапалото на почетокот на сезоната 1985/86 година Џордан заврши втор по погодоци во тимот по соиграчот Вулриџ. Џордан се врати во Плејофот, Булс го заземаа осмото место и се соочија со тимот на ,,Бостон Селтикс’’ предводени од Лери Брд. Во тоа време Булс беа петти во најлош рекорд за влез во Плејофот од сите тимови на лигата. Иако Булс изгубија, Џордан забележа плејоф рекорд со постигнување на 62 бода во еден натпревар од плејофот (Овој рекорд сесè уште не е соборен), поточно на вториот натпревар против Селтикс тоа коло.Играчот од Селтикс Лери Брд изјавил за тој натпревар дека Господ бил маскиран како Мајкл Џордан.
Во сезоната 1986/87 година, Џордан го продолжи својот напад на книгите со рекорди во НБА, со просек од 37.1 бод по натпревар и првиот играч од тимот Булс кој бил избран помеѓу најдобрите играчи во лигата (All-NBA First Team).Булс ја завршија таа сезона со резултат од 40 добиени и 42 изгубени натпревари кој беше добар за квалификување во Плејофот. И покрај тоа тие беа поразени повторно од Селтикс во плејофот. На драфтот 1987 година Краус го одбра центарот Олден Полинис осми по оценки и крилниот центар Хорас Грант десетти по оценки.Додека сè уште траеше изборот на играчи, Полинис кој не беше заиграл за Булс беше продаден во тимот од Сиетл.Со ова тимот на Булс го доби правото на избор на Скоти Пипен со позиција крило.
Со Паксон и Џордан во одбранбената зона, Бред Селерс и Окли во напаѓачките редови, Корзин како силен центар и младите играчи Пипен и Грант влегуваа во игра како измени , Булс таа сезона направи голема фама со 50 добиени натпревари и влез во полуфиналето од Плејофот во источната конференција, каде за жал беа поразени од тогашниот шампион на истокот ,,Детроит Пистонс’’ во пет натпревари. Како и да е, за своите напори Џордан беше повторно награден со најголемата и најпрестижната награда во НБА, наградата за највреден играч. Истата награда тој ќе ја добие уште четири пати во неговата кариера. Оваа сезона исто така и го забелжува соперништвото кое заполнало помеѓу Пистонс и Булс во 1988 година. Сезоната 1988/89 г. исто така забележи големи промени како претходната во периодот пред почетокот на сезоната.Познатиот крилен центар Чарлс Окли, кој беше предводник во лигата по скокови во одбрана и напад сезоните 1987 и 1988 год, ноќта на драфтот 1988 година беше заменет во тимот на ,,Њујорк Никс’’ заедно со право на избор на играч на драфтот, кое Никс го употребија за Род Стрикленд. За возврат Булс го добија центарот Бил Картврајт и избор на играч од првото коло на драфтот, со кој го земаа центарот Вил Пердју во своите редови.Како дополнителна промена на тимот, Булс го купија и Крег Хоџес специјалистот за тројки од тимот на Феникс. Новата петорка која се состоеше од Паксон, Џордан, Пипен, Грант и Картврајт имаше време да се разигра.Без разлика на се тимот имаше помалце победи од претходната сезона, но сепак стигна до финалето на источната конференција од Плејофот беа повторно поразени во шест одиграни натпревари од шампионот Детроит Пистонс.