Христо Крстевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија
Rescuing 0 sources and tagging 1 as dead.) #IABot (v2.0.8
Ред 16:
'''1956.''' Поради исклучително тешките услови во домот кај Треска, тој е принуден да го напушти училиштето и се враќа назад во родителскиот дом. Кон крајот на школската година, тој е исклучен од гимназијата Јане Сандански поради недисциплина. Претходната година од таму е исклучен и неговиот другар Ристо Шишков, од исти причини, а тој подоцна станува славен глумец. Истата година, засекогаш ја напушта Струмица, заедно со целото свое семејство;
 
'''1958.''' Преселба во Скопје. Поради неговиот пејачки талент, тој е забележан на едно младинско натпреварување во Охрид од Бојан Адамиќ и по препорака на легендарниот маестро станува пејач на радио Скопје, истата година. Истовремено учи во гимназијата Јосип Броз Тито и повторно ги посетува часовите во средното музичко училиште, кое се наоѓа токму од спротивната страна на улицата Илинденска;[[File:Hristo Krstevski 2.jpg|link=https://www.mediawiki.org/wiki/File:%D0%A1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82.jpg|thumb|280x280px{{Мртва_врска|date=September 2021 |bot=InternetArchiveBot |fix-attempted=yes }}]]'''1961.''' На фестивалот Златен Микрофон во Белград ја претставува Македонија и успева да се пробие до финалето помеѓу 60-тина пејачи од Југославија. Во финалето заедно со Лола Новаковиќ, Аница Зубовиќ, Нада Кнежевиќ, Тереза Кесовија, сенка Велетанлиќ и други, оставајќи ги зад себе големите имиња од естрадата, Душан Јакшиќ, Цуне Гојковиќ, Нина Спирова и други. Се редат години на успеси и патувања. Сепак, во срцето носи грутка, бидејќи постојано го грепка јанѕата околу сериозната музика. Го пишува текстот за „Еден бакнеж“, „Ноќеска шумеа брезите“ и други познати мелодии од тоа време;
 
'''1969.''' Пее на скопскиот фестивал на забавни мелодии и со леснотија решава таноците музички ноти да ги замени со строгите научни студии од книжевност на филозофскиот факултет во Скопје. Се откажува од своето дотогаш речиси оперетско однесување кон своите творечки афинитети и дефинитивно се обидува да го оствари својот дамнешен детски сон: да живее на некоја висока мансарда и да пишува романи по кои ќе се воздивнуваат чувствителните души на неговите бројни обожаватели.Наскоро дипломира со завиден и натпросечен успех. Следуваат долги години на упорно и темелно студирање, читање и проучување на книжевниот занает. За сето тоа време работи во еден голем текстилен комбинат како пропагандист и патува вдолж и во широчина низ земјата и странство.