Цена (економија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија using AWB
Doni12345 (разговор | придонеси)
#WPWPMK
Ознака: Отповикано
Ред 1:
'''Цена''' претставува надомест кој купувачот на одреден производ или [[Производни фактори|производен фактор]] му го плаќа на продавачот. Најчесто, цената е изразена во [[пари]], но може да биде изразена и во натурален облик.
[[File:CPCCT Wenling Road Station fuel price sign 20110313.jpg|thumb|upright|Ознака на отворено во Тајван покажува цени]]
 
==Пазарна цена==
На кус рок, рамнотежата на [[пазар]]от се воспоставува при цената по која [[побарувачка]]та на производот е еднаква на [[понуда]]та. Притоа, рамнотежна цена е онаа по која купувачите сакаат да го купат количеството кое го нудат продавачите по таа цена. На пример, ако продавачите се подготвени да продадат 1 000 [[килограм]]и [[пченка]] по цена од 37, 700 кг по цена од 36 и 600 кг по цена од 35, а купувачите сакаат да купат 600 кг по цена од 37, 700 кг по цена од 36 и 900 кг по цена од 35, тогаш желбите на купувачите и на продавачите ќе се усогласат по цена од 36, кога ќе бидат продадени (купени) 700 кг пченка. Оваа пазарна рамнотежа може да се нарече привремена, зашто зависи само од постојните улови на пазарот, т.е. од тековната [[побарувачка]] и од тековната [[понуда]] (залихата што ја поседуваат продавачите).<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 148-150.</ref> Но, на долг рок, понудата на производот зависи од [[трошоци]]те за неговото производство, а тие се определени од цените на [[фактори на производството|факторите на производството]].<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 153-164.</ref> На тој начин, [[Алфред Маршал]] зборува за ''пазарна цена'' (''market price'') и ''нормална цена'' (''normal price'') при што првата зависи претежно од побарувачката, а втората од понудата. Имено, во некои случаи, кога понудата на производот е фиксна, цената зависи од побарувачката. Од друга страна, за производите кај кои важи [[Закон за константни приноси|законот за константни приноси]], т.е. чија цена е константна при различен обем на [[производство]]то, цената е определена претежно од понудата. Оттука, општо правило е дека, на кус рок, пазарната цена зависи претежно од побарувачката, а на долг рок, вредноста на производот зависи од понудата (трошоците на производството).<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 164-166.</ref> На тој начин, кога се зборува за цената, постојат четири можни состојби:<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 194-195.</ref>