Сварог: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
технички исправки
технички исправки
Ред 17:
'''Сварог во христијанството'''
 
Иако во скриена и замаглена форма, остатоци од Свароговиот култ се задржани водо денешен ден кај сите словенски народи. Обично се смета дека, барем во некоја мера, тој 'преживеал` во народното сфаќање за христијанскиот Господ Бог. Познато е дека кај Источните Словени, неговите функции се пренесени на Свети Кузмодемјан, кој претставува народен спој од имињата на христијанските светци Козма и Дамјан. Таму '''Свети Кузмодемјан''' се јавува и како заштитник на бракот. Понекогаш во песните се спомнува и под името Свети Кузма.
Академик Борис Рибаков во својата книга ''"Јазичеството на древните Словени"'' дава интересни примери на делови од свадбените песни кај Источните Словени.
 
Особено се интригантни стиховите како:
 
''Свети Кузма-баќушка, боже мој, боже мој;''
''Пречиста Мајчице, заиграј ни на свадба!''
 
Ред 30:
''со своите апостоли.''
 
Занимливо е како во своите обредни песни, народот овој светец го ословувал и како бог. Тој е сопоставенставен во ист ред и со '''Пречистата Мајчица''' (очигледно - '''Богородица'''), а израмнет е и со Исус Христос, така што тој, а не '''Исус''', е повикан да дојде со своите апостоли. Тој е повикуван и да ја 'скове` (направи) свадбата, со што се потврдува и како покровител на ковачкиот занает и бракот. Видливи остатоци од култот кон неговиот син Сварожич останале и до денешен ден и тоа во прилично жива форма. Тоа, пред сѐ, се однесува на празнувањето на Божик и палењето големи коледарски огнови, ако се знае дека во источнословенските записи, Сварожич се јавува како и како бог на огнот. Воочлива е и паралелата '''Бог-Божиќ''', '''Сварог-Сварожич''', а се претставувапретпоставува дека и самото име на празникот Божик (Божиќ, Божич) има претхристијанско потекло. Драгоцени податоци имаме и од фолклорните материјали собрани во 19 век, меѓу другото и од '''Миладиновци'''. Во нивниот Зборник наоѓаме и божикни песни, во кои се говори за раѓањето на 'Бела Бога', што асоцира на Белобог, едно од имињата на богот на светлината и огнот.
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Сварог