Сварог: Разлика помеѓу преработките

Додадени 3.809 бајти ,  пред 13 години
поголемо дополнување за христијанизацијата на словенските богови
(техничко уредување на страницата)
(поголемо дополнување за христијанизацијата на словенските богови)
{{внимание}}
 
'''Свароговото место во словенската митологија'''
 
Прабогот на старите Словени бил познат под името '''Сварог'''. Неговото друго име, веројатно, е '''Род'''. Во Хрониката на Хемолд е запишано:
 
 
Очигледно е дека Русите се колнеле во еден бог што е поставен пред Перун. Кое е името на тој безимен бог? Според Ипатиевскиот летопис од 11 век, името на тој бог е Сварог. Тој е татко на Сонцето-цар, Дажбог. Етимологијата на Свароговото име е утврдена и неговиот корен го наоѓаме во санскритскиот збор за небо - svarga. Буквално, Сварог значи `небесен`.
 
'''Сварог во христијанството'''
 
Иако во скриена и замаглена форма, остатоци од Свароговиот култ се задржани во денешен ден кај сите словенски народи. Обично се смета дека, барем во некоја мера, тој 'преживеал` во народното сфаќање за христијанскиот Господ Бог. Познато е дека кај Источните Словени, неговите функции се пренесени на Свети Кузмодемјан, кој претставува народен спој од имињата на христијанските светци Козма и Дамјан. Таму '''Свети Кузмодемјан''' се јавува и како заштитник на бракот. Понекогаш во песните се спомнува и под името Свети Кузма.
Академик Борис Рибаков во својата книга ''"Јазичеството на древните Словени"'' дава интересни примери на делови од свадбените песни кај Источните Словени.
 
Особено се интригантни стиховите како:
 
1."''Свети Кузма-баќушка, боже мој, боже мој'';
''Пречиста Мајчице, заиграј ни на свадба!''"
 
2. "''Ти свети Боже, Кузмодемјан,''
''дојди ни на свадба нам'',
''со своите апостоли.''"
 
Занимливо е како во своите обредни песни, народот овој светец го ословувал и како бог. Тој е сопоставен и со '''Пречистата Мајчица''' (очигледно - '''Богородица'''), а израмнет е и со Исус Христос, така што тој, а не '''Исус''', е повикан да дојде со своите апостоли. Тој е повикуван и да ја 'скове` (направи) свадбата, со што се потврдува и како покровител на ковачкиот занает и бракот. Видливи остатоци од култот кон неговиот син Сварожич останале и до денешен ден и тоа во прилично жива форма. Тоа, пред сѐ, се однесува на празнувањето на Божик и палењето големи коледарски огнови, ако се знае дека во источнословенските записи, Сварожич се јавува како и како бог на огнот. Воочлива е и паралелата '''Бог-Божиќ''', '''Сварог-Сварожич''', а се претставува дека и самото име на празникот Божик (Божиќ, Божич) има претхристијанско потекло. Драгоцени податоци имаме и од фолклорните материјали собрани во 19 век, меѓу другото и од '''Миладиновци'''. Во нивниот Зборник наоѓаме и божикни песни, во кои се говори за раѓањето на 'Бела Бога', што асоцира на Белобог, едно од имињата на богот на светлината и огнот.
 
 
 
'''Литература:'''
2. ''Б. А. Рыбаков'': "Язычество древних славян"
 
3. ''Б. А. Рыбаков'': "Язычество древних Рус"
3. ''Zaroff, Roman'': Organised pagan cult in Kievan Rus`. The invention of foreign elite or evolution of local tradition?
 
34. ''Zaroff, Roman'': Organised pagan cult in Kievan Rus`. The invention of foreign elite or evolution of local tradition?
 
{{никулец}}
35

уредувања