Томислав Зографски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Бришење на "Tomislav-Zografski.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на Fitindia поради: per [[:c:Commons:Deletion requests/Files uploaded by КатеринаКа
с Непотребен параметар, removed: |language=македонски (3)
Ред 20:
}}
 
'''Томислав Зографски''' ({{роден во|Велес}}, {{роден на|29|март|1934}} - {{починал во|Скопје}}, {{починал на|14|јануари|2000}}) — македонски композитор.<ref>{{наведена книга|title=Томислав Зографски - Од композиторскиот опус|publisher=Музички издавачки центар|location=Скопје|date=2012|language=македонски}}</ref><ref>{{наведена книга|last=Мирчески|first=Спасе|title=Алманах на Република Македонија: хронологија 1998-2001 година|publisher=Киро Дандаро|date=2006|language=македонски}}</ref> Се категоризира во [[Повоена македонска музика#Трета генерација повоени македонски композитори|третата генерација македонски повоени композитори]].
 
==Животопис==
Зографски е роден во [[Велес]] на [[29 март]] [[1934]] година. Студиите по композиција ги завршил на Музичката академија во [[Белград]]. Од [[1967]] година, па до крајот на животот бил професор на [[Факултетот за музичка уметност во Скопје]]. Тој е еден од најистакнатите претставници на македонската современа музика. Во својата прва творечка етапа, под влијание на С. Прокофјев и И. Стравински, прв во македонската музика внел елементи на музичкиот неокласицизам. Во понатамошниот композиторски развој, тој прифатил помодерен начин на музичко изразување, барајќи сопствен израз во актуелните музички струења, но задржувајќи, во трансформиран вид, и елементи од претходниот период. Во вокално-инструменталните дела од овој период, карактеристично е обраќањето на авторот кон македонската световна и духовна музичка традиција, како извор на творечка инспирација. З. е автор на дела од повеќе музички родови. Тој ги искористува тонските низи на традиционалната македонска музика, како на пр. во циклусот „Записи“ за длабок глас и пијано (1963), едно од најзрелите дела во неговиот опус, каде вклучува фрагменти од византиско-словенската оставина на македонска почва, т.е. мелодиски фрагменти од т.н. пападикиско пеење на [[Свети Јован Кукузел]] од [[14 век]]. Во ист стил е напишан и ораториумот „Похвала Кирилу и Методију“, за бас, рецитатор, хор и оркестар (1969). Меѓу камерните дела на авторот се издвојува „Есеј за дождот“, циклус за висок глас и оркестар (1982). Починал во [[Скопје]] на [[14 јануари]] [[2000]] година. Во негова чест постои истоимена фондација која ја доделува [[Томислав Зографски (награда)|награда за што го носи неговото име]].<ref>{{наведена мрежна страница|url=http://www.ohridchoirfestival.com/zografskiNagrada.html|title=НАГРАДА „ТОМИСЛАВ ЗОГРАФСКИ“|publisher=Охридски хорски фестивал|language=македонски|accessdate=2012-02-10}}</ref>
 
== Наводи ==