Џорџо Вазари: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с ситна промена
с s
Ред 29:
Вазари веројатно бил поуспешен како архитект, отколку како сликар. Неговата [[лоџија]] на крајот на долгиот и тесен внатрешен двор во палатата [[Уфици]] отвора интересна глетка, што претставува уникатно урбанистичко дело кое функционера како јавен плоштад, и ако ја сметаме за кратка улица, претставува уникатен ренесансен сокак со складен и обединет архитектонски третман. Во Фиренца, Вазари изградил и долг премин кој го поврзува Уфици со [[палацо Пити]], преку аркадирање низ мостот [[Понте Векјо]], денес наречен [[Вазариев коридор]] во негова чест. Ја реновирал и убавите средновековни [[Црква (објект)|цркви]] [[Санта Марија Новела]] и [[Санта Кроче (базилика)|Санта Кроче]], каде во обете цркви ги отстранил [[лекториум]]ите и подтаваните, и го преуредил [[хор (архитектура)|задхорниот]] дел во тогашниот маниристички стил.
 
во Рим, вазари соработувал со [[ЏакомоЈакопо Бароци да Вињола]] и [[Бартоломео Аманати]] во [[Вила Џулија|вилата Џулија]] на папата [[Папа Јулиј III|Јулиј III]].
 
Во текот на својот живот Вазари уживал високо реноме и насобрал големо богатство. Во 1547, за себеси изградил убава куќа во Арецо (денес музеј во негова чест), каде ги украсил ѕидовите и сводовите со слики. Таму бил избран за член на општинскиот совет на Арецо, а подоцна успеал да се издигне до највисоката функција на [[гонфалониер]].