Берлински ѕид: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с →top: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Sид → Ѕид (3) |
Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.8 |
||
Ред 3:
'''Берлинскиот ѕид''' (герм. Berliner Mauer) бил изграден во 1961. година од комунистичкиот режим на [[Источна Германија]] за да се оддели [[Западен Берлин]], кој бил под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која била под силно влијание на [[СССР]]. Ѕидот станал највпечатлив симбол на [[Студената војна]] и на [[Железната завеса]].
Ѕидот ги разделувал Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден. Источна Германија ја започнала изградбата на ѕидот на 13 август 1961. Ненадејната градба на ѕидот предизвикала многу семејства да останат поделени. Ѕидот бил целосно урнат кон крајот на 1989, освен еден дел кој и денес стои како спомен на тоа време.<ref>
Кога на 9 ноември 1989, по неколку неделни граѓански немири, власта во Источна Германија објавила дека сите нејзини граѓани можат да ја посетат [[Западна Германија]] и Западен Берлин, источногерманците се искачувале и го преминувале ѕидот, прославувајќи ја слободата на другата страна. Во текот на следните неколку недели, делови од ѕидот биле искорнати од одушевениот народ и од ловци на сувенири, а по неколку недели ѕидот речиси целосно бил отстранет со градежна механизација.
|