Томе Бошевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија
Rescuing 1 sources and tagging 1 as dead.) #IABot (v2.0.8
Ред 15:
Бошевски е роден на [[8 октомври]] [[1937]] година во [[Битола]], каде завршил гимназија. Дипломирал на отсекот за техничка физика на Електро-техничкиот факултет во [[Белград]] во [[1961]] година. Постдипломските студии ги завршил во [[1965]] година на Природно-математичкиот факултет во Белград, а докторската дисертација ја одбранил на Електро-техничкиот факултет во Белград во [[1972]] година.
Од дипломирањето до [[1974]] година работел во Институтот „Борис Кидрич“ во [[Винча]]. Во [[1974]] година е избран за вонреден, а во [[1979]] година за редовен професор на [[Електро-техничкиот факултет во Скопје]], а три мандати бил и декан на Факултетот.
За дописен член на [[Македонската академија на науките и уметностите]] бил избран во [[1988]] година, а за редовен член во [[1994]] година.<ref>[{{Наведена мрежна страница |url=http://www.manu.edu.mk/mk/about/members?id=134 |title=''МАНУ''] |accessdate=2015-11-02 |archive-date=2016-05-24 |archive-url=https://web.archive.org/web/20160524134353/http://manu.edu.mk/mk/about/members?id=134 |url-status=dead }}</ref>
Неговата истражувачка дејност опфаќа повеќе области на електротехниката, но најпознат е по неговите истражувања од областа на нуклеарната физика. Значаен е и неговиот придонес во решавањето на актуелните проблеми на енергетиката во Македонија, како што се: топлинското оптоварување на животната средина од постојни и предвидени извори на електрична енергија, избор на локации за големи електро-енергетски извори, долгорочно и краткорочно планирање на работата на централите во електро-енергетскиот систем и др. Посебно значаен е неговиот придонес во дешифрирањето на средниот текст од „Каменот од Розета“ заедно со проф.д-р [[Аристотел Тентов]]. Со дешифрирањето на „Каменот од Розета“, професорите Бошевски и Тентов ја изнеле на виделина теоријата дека античките Македонци говореле на словенски јазик, односно дека биле Словени.
Бошевски и Тентов биле повикани да го претстават своето откритие пред Руската академија на науките во [[Москва]], при што руските академици го потврдиле откритието на македонските професори.
Академик проф.д-р Томе Бошевски, поради заслуги за македонските работи, е носител на највисокото семакедонско признание, почесната титула Македонски сенатор, што му ја доделил [[Светскиот Македонски Конгрес]].
Починал во Скопје на [[31 октомври]] [[2015]] година.<ref>[http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/318345-pocina-akademik-tome-bosevski ''Почина академик Томе Бошевски'']{{Мртва_врска|date=August 2021 |bot=InternetArchiveBot |fix-attempted=yes }}</ref>
 
== Наводи ==