Михаил IV Пафлагонецот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Византиски император → Византиски цар, император → цар (2), Император → Цар
с Додадена категорија, replaced: римско царство → Римско Царство (6)
Ред 3:
|name =Михаил IV Пафлагонецот<br />Μιχαὴλ (Δ´) ὁ Παφλαγών
|full name =
|title =[[Византиски владетели|Цар]] на [[Источно римскоРимско царствоЦарство|Источното римскоРимско царствоЦарство]]
|image = Michael IV histamenon.jpg
|imgw =220px
Ред 23:
|mother =
}}
'''Михаил IV Пафлагонецот''', ({{lang-el|Μιχαὴλ (Δ´) ὁ Παφλαγών}}, ~ 1010 - 10 декември 1041) — [[Источно римскоРимско царствоЦарство|византиски]] [[Византиски цареви|цар]] од [[Македонска династија|Македонската династија]] кој владеел од 11 април 1034г. сè до неговата смрт на 10 декември 1041г. Тој го должи неговиот подем на царицата [[Зоја Порфирогенита|Зоја]], ќерката на царот [[Константин VIII]] и жена на [[Роман III Аргир]].
 
==Љубовник на Зоја и качување на царскиот престол==
Ред 30:
==Владеење==
===Вистинската власт во рацете на Јован Орфанотроф===
Меѓутоа, [[Зоја Порфирогенита|Зоја]] одново се излажала, зошто Михаил престанал да се интересира за неа веднаш штом стапил на престолот. И била одземена дури и слободата на движење. За да не му се случи на брата му тоа што му се случило на [[Роман III Аргир|Роман Аргир]], Јован Орфанотроф ја ставил царицата под постојана присмотра. Михаил IV не бил неспособен човек, но тој боледувал од [[епилепсија]] и неговите напади со времето стануваче се почести и посилни. Главниот добитник во оваа игра бил итриот евнух. Фактички, сета власт се нашла во негови раце. Тој мошне умешно управувал со државата, но немилосрдно ги зголемувал наметнувањата и при собирањето на државните даноци покажувал најголема безобѕирност. Како придојденик со незначително потекло, Јован Орфанотроф се залагал за системот на стариот [[Источно римскоРимско царствоЦарство|византиски]] бирократски централизам. Со тоа неговиот режим имал извесна аристократсканота, но со тоа било погодено во прв ред [[Феудализам|феудалното]] војничко благородништво, па [[Цариград|престолнинската]] чиновничка аристократија ја потпомогала владата. Михаил Псел, еден од најизразитите претставници на цивилната странка, истакнувал со задоволство дека владата на Михаил IV ништо не променила во постојниот поредок и дека не отстранила ниту еден сенатор. Меѓутоа, безобѕирните методи на управувањето на Орфанотроф за населението претставувале тешко искуство, уште повеќе што тој никогаш не ја заборавал личната полза, а им допуштил и на сите свои роднини да се богатат на сметка на државата.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 389-390.</ref>
 
===Востанието на Петар Делјан===
Немилосрдниот фискализам на владата предизвикал на [[Балкан|Балканскиот Полуостров]] големо [[Востание на Петар Делјан|востание]] во [[Македонија]]. Наспроти внимателните одредби на [[Василиј II]], владата на Пафлагонците побарала и од балканското население да плаќа данок во пари. Покрај тоа [[Цариградска патријаршија|Цариград]] почнал да спроведува елинизација на македонските области. Кога во [[1037]]г. умрел [[Список на архиепископи на македонската и охридската архиепископија|охридскиот архиепископ]] [[Јован Дебарски|Јован]], за негов наследник бил поставен [[Грци|Гркот]] [[Лав I (охридски архиепископ)|Лав]], хартофилаксот на [[Света Софија - Истанбул|Света Софија]]. Востанието зело огромен замав. [[Петар Делјан]], кој се чини, бил син на [[Гаврило Радомир]], бил прогласен во [[1040]]г. во [[Белград]] за цар. Неговата власт брзо и силно се ширела, па не само што ги зафатила македонските земји, туку и области на северна [[Грција (регион)|Грција]]. Се чинело дека [[Самоилово царство|Самоилото царство]] ќе биде обновено. Пресвртот настапил кога на востаниците им се придружил [[Алусијан]], син на [[Јован Владислав]], кој откако направил кариера во [[Источно римскоРимско царствоЦарство|византиската]] служба, паднал во немилост, ги изгубил позициите и имотот и најпосле побегнал од [[Цариград]]. Изненадена и збунета од неочекуваниот замав на востанието, Византија постепено се соземала. При обидот на [[Солун]], Алусијан претрпел тешок пораз и тоа значително ги ослабело востаничките сили, а конечно ги разнишале внатрешните кавги: судирот меѓу делјан и Алусијан, заговорот склопен против Делјан, неговото ослепување и враќањето на Алусијан во Византија. Сега на Византијците им било лесно да го ликвидираат востаничкото до распад, и да ги поразат остатоците од востаничката војска и да го заробат слепиот Делјан. Веќе во [[1041]]г. востанието било конечно задушено, побрзо отколку што според неговите размери и првобитни успеси можело да се очекува. Меѓутоа, византиската власт на Балканот со тоа востание била забележително ослабена.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 390-391.</ref>
 
===Зета===
[[Дукља|Зетскиот]] кнез [[Стефан Воислав]] повеќе години водел борба за независност на својата земја. Неговото прво востание против [[Источно римскоРимско царствоЦарство|византиската]] власт не успеало ([[1035]]г.) но, по привременото потчинување и краткото време помината во византиското ропство, успеал да се врати во својата земја, да ја обнови борбата за нејзино ослободување и да извојува повеќе победи над византиските казнени експедиции. Кога потоа востанијата на Петар Делјан и Тихомир ги ангажирало сите византиски сили на [[Балкан]]от и ја срушило византиската власт во [[Драч]], Воислав значително ја засилил својата позиција. По задушувањето на [[Востанието на Петар Делјан|Делјановото востание]], Византија се обидела да се пресмета и со непокорниот кнез на Зета. Откако воспоставила власт во Драч, таа во [[1042]]г. испратила против него поголема војска, а ги повикала и вазалските владетели на [[Рашка]], [[Босна (регион)|Босна]] и [[Захумје]] да и се придружат. Меѓутоа, во зетските клисури Воислав целосно ја уништил војската на византискиот стратег и со оваа победа осигурал конечна независност за своето кнежевство. Неговата власт се проширила и над [[Травунија]] и Захумје. На тој начин Зета успеала прва да се ослободи од византискиот суверенитет.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 391-392.</ref>
 
==Смрт==