Западна филозофија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Виолетова ја премести страницата Западна философија на Западна филозофија презапишувајќи врз пренасочување
с →‎top: Додадена категорија, replaced: римското царство → Римското Царство
Ред 3:
'''Западната филозофија''' е целокупноста на [[филозофија|филозофската]] мисла и дело на западниот свет. Поимот е географски и историски определен. Она што го нарекуваме западна филозофска мисла најчесто се однесува на филозофијата во [[хеленски период|хеленскиот период]], врз која се темелат понатамошните филозофски размисли на [[Европа|европскиот]] и [[Северна Америка|северноамериканскиот континент]]. Земајќи предвид за односите на Хелада со источните цивилизации, како и современата состојба на светот, каде истокот е под влијание на западот, тешко е да се одредат границите на западната филозофска мисла. Во таа смисла, поимот се однесува на онаа филозофија која се предава на универзитетите во [[Европа]], [[Северна Америка|Северна]] и [[Јужна Америка]], [[Австралија]] и делови од [[Азија]].
 
Поделбата и развојот на западната мисла е најчесто условена од универзитетските студии низ светот и изгледа вака: [[античка филозофија|хеленско-римската филозофија]] која го опфаќа периодот на [[антика]]та сѐ до падот на [[Римско Царство|римскотоРимското царствоЦарство]]; [[Средновековна филозофија|средновековната]] и [[Византиска филозофија|византиската филозофија]], кои се јавуваат во [[Западна Европа|Западна]] и [[Источна Европа]], соодветно; [[нововековна филозофија|нововековната филозофија]] во XV век која кулминира со филозофијата на [[просветителство]]то во XVIII век; и конечно [[современа филозофија|современата филозофија]] која е грубо поделена на [[континентална филозофија|континентална]] и [[аналитичка филозофија|аналитичка]] струја.
 
Во античкиот период во обемот на филозофијата спаѓале мноштво појави кои денес ги сметаме за научни, а во средниот век филозофијата се бавела со проблеми на [[теологија]]та, односно религијата, поконкретно [[христијанство]]то. Денес, во доминантните западни филозофски струи, филозофијата инаку се толкува. Во аналитичката традиција филозофијата се занимава исклучиво со науката, нејзиното логичко верификување и унапредување, додека во континенталната традиција таа е повеќе мета-задача на разгледување и вреднување на сите човекови појави.