Танец (ансамбл): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник Уредување од прилогот за Андроид
→‎Културна мисија: ситна поправка
Ред 34:
„Танец“ е име кое со децении е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво на сите континенти на Земјината топка. Покрај негувањето на фолклорното творештво, народните обичаи, игри, песни и носии, преку успешните кореографски постановки, „Танец“ ги преточува во колорит и префинет израз на играње, пеење и презентирање на убавите оригинални носии изработени пред повеќе децении, кои претставуваат амблем на македонската култура.
 
Од посебно значење е првото претставување надвор од [[Македонија]], поточно на меѓународниот фестивал во Ланголен, [[АнглијаВелс]] во [[1950]] год.година, икога со добивањетоозведбата на „[[Тешкото]]“, ансамблот ги освоил сите можни поени и ја добил првата награда. Притоа, штоТанец ебил историскипрвиот настани заединствениот Ансамблот,ансамбл ново иисторијата зана македонскатаовој културафестивал кој ги освоил сите можни поени. ВсушностКако резултат на освоената награда, овојансамблот настанго епродолжил својот престој во потврдаБританија за ансамблотуште во20 успешнотодена презентирањепри нашто македонскотоодржал фолклорноповеќе богатствоконцерти.<ref>Дирекција за култура и уметност - Скопје, ''Есенски музички свечености'', Скопје, ноември 2014.</ref>
 
Ансамблот има настапено на над 34.500 концерти, фестивали и други културни приредби, со над осум милиони посетители. За успешноста на „Танец“ зборуваат големиот број награди, дипломи, благодарници и признанија добивани по разни поводи, концерти и сл., меѓу кои и наградите: „[[11 Октомври (награда)|11 Октомври]]“, „[[Климент Охридски (награда)|Климент Охридски]]“ и, „[[13 Ноември (награда)|13 Ноември]]“ и Орденот за заслуги, доделен од [[Претседател на Република Македонија|Претседателот на Република Македонија]].<ref>Дирекција за култура и уметност - Скопје, ''Есенски музички свечености'', Скопје, ноември 2014.</ref>
 
Репертоарот на „Танец“ го сочинуваат голем број народни [[Оро|ора]], песни и обичаи од повеќе краишта на Македонија меѓу кои и: „Тешкото“, „[[Невестинско оро|Невестинско]]“, „[[Комитско оро|Комитско]]“, „[[Чифте оро|Чифте]]“, „[[Калајџиско оро|Калајџиско]]“, „[[Тресеница]]“, „[[Осоговка]]“, „[[Драчевка]]“ и други.
Како доказ на уметничкиот квалитет на играњето, пеењето, музиката и колоритот на носиите се големиот број позитивни критики, афирмативните написи и статии од врвни стручњаци од областа на фолклорот, во разни списанија, радио и телевизиски емисии и слично, од кои дел пренесуваме во оваа Монографија.
 
Во овие изминати децении со програмите се опфатени голем број народни ора, песни и обичаи од повеќе краишта на Македонија меѓу кои и „Тешкото“, како симбол на македонското оро: „Невестинско“, „Комитско“, „Чифте“, „Калајџиско“, „Тресеница“, „Осоговка“, „Драчевка“ и други.
 
„Танец“ е во постојана и тесна соработка со македонските иселеници во дијаспората. Во таа смисла се организирани и голем број концерти во сите земји каде што живеат македонски иселеници. Тој континуирано ги помага културно-уметничките друштва во земјава и во странство во квалитетното поставување и пренесување на играорната традиција.
 
Во склоп на „Танец“ работи и детското младинско студио, во кое од најмала возраст кај децата се развива љубовта кон негувањето и презентирањето на фолклорното творештво. Со цел да се зачува од пропаѓање, а истовремено и да се збогати фундусот на народни носии се врши и откуп на оригинални носии од повеќе краишта во Македонија. „Танец“ бил организатор на низа семинари за раководители на играорни друштва. Од формирањето до денес, во ансамблот работеле над 200 вработени. Денес има 42 редовно или повремено вработени во уметничкиот дел (девет надворешни), како и девет вработени вклучени во реализацијата на програмите.
 
Со цел да се зачува од пропаѓање, а истовремено и да се збогати фундусот на народни носии се врши и откуп на оригинални носии од повеќе краишта во Македонија.
 
„Танец“ бил организатор на низа семинари за раководители на играорни друштва. Од формирањето до денес во ансамблот работеле над 200 вработени. Денес има 42 редовно или повремено вработени во уметничкиот дел (9 надворешни), како и 9 вработени вклучени во реализацијата на програмите.
 
== Познати уметници ==