Старогрчки календар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: лунарни → месечеви
с →‎top: Изменето име на предлошка, replaced: античка Грција → Стара Грција
Ред 1:
Постојат повеќе '''старогрчки календари''', а во повеќето [[Полис (град-држава)|држави на античкаСтара Грција]] започнувале помеѓу есента и зимата, освен [[Атички календар|атичкиот календар]], кој започнувал во лето.
 
Грците, уште во времето на [[Хомер]], се чини дека биле запознаени со поделбата на годината на дванаесет месечеви месеци, но не се споменува вметнатиот месец или ден, со дванаесетте месеци од 354 дена.<ref>{{Наведена книга|title=The Calendar: Its History, Structure and Improvement|last=Philip|first=Alexander|publisher=Cambridge University Press|year=1921|isbn=|location=London: Fetter Lane, E.C.4|pages=7}}</ref> Независно од поделбата на еден месец во денови, тој бил поделен на периоди според зголемувањето и намалувањето на Месечината. Така, првиот ден, или ''млада'' месечина, се викал ''Нуменија''. Месецот во кој започнува годината, како и имињата на месеците, се разликувале меѓу државите, а во некои делови дури и немало имиња за месеците, бидејќи тие се разликувале само бројчено, односно биле нарекувани: први, втори, трети, четврти месец и сл.