Разлика помеѓу преработките на „Сенека Помладиот“

с
Јазична исправка, replaced: Антички Рим → Стар Рим
Ознака: Рачно отповикување
с (Јазична исправка, replaced: Антички Рим → Стар Рим)
 
| death_date = {{Death year and age|65|-4}}
| death_place = [[Рим]]
| nationality = [[АнтичкиСтар Рим|РимјанскоРимјанин]]
| era = [[Античка филозофија]]
| region = [[Западна Филозофија]]
 
==Животопис==
Сенека се родил во [[Кородба]], од татко М. Анеј Сенека (познат [[Реторика|ретор]]) и од мајка Хелвија (благородна и надарена жена). Роден во богато [[семејство]], почетното [[образование]] го стекнал во [[Рим]]. Како што напишал подоцна во книгата „За краткотрајноста на животот“: „Физичките родители не можеме да ги избираме, но можеме духовните“, така тој за свои духовни родитлеи ги избрал [[Сотион од Александрија]] (припадник на еклектичката школа на [[Квинт Секстиј]]), стоичарот Атал, секстиевецот [[Фабијан Папириј]] и киничарот [[Деметриј (философ)|Деметриј]]. За време на царувањето на [[Калигула]], станал член на [[Сенат на Стариот Рим|Сенатот]], меѓутоа започнал љубовна врска со сестрата на Калигула, Јулија Лавила и поради тоа, во 41 год., поттикнат од [[Месалина]], Калигула го испратил во прогонство на [[Корзика]]. Осум години подоцна, на молба на Агрипина (втората жена на Калигула), царот му дозволил на Сенека да се врати, го назначил за [[претор]] и го поставил за учител на својот син [[Нерон]], а кога тој станал цар, во 57 год., Сенека, заедно со Афраниј Бур, станал [[конзул]]. Притоа, Сенека му бил советник на Нерон, па дури и управувал со [[Римското Царство]], а тоа време се смета за златниот период на империјата. Според тоа, Сенека бил мислител и државник, а во делото „De otio (5, 8)“ пишува за себе: „Природата ме одредила и за едното и за другото, за практично дејствување, како и за слободно теориско размислување“ (''Natura utrumque facere me voluit, et agere et contemplationi vivere''). Сенека наследил голем имот, но самиот заработил огромно богатство (300 милиони сестерции) работејќи како лихвар. Иако во делото „De tranquilitate animi“ пишуав дека политичката активност е морална должност на секој граѓанин, во 62 год. веќе почнал да се повлекува од јавниот живот. Во 65 год., поради учеството во заверата против [[Нерон]], организирана од [[Калпурниј Писон]], Сенека бил осуден на смрт и бил принуден да си ги пресече вените.<ref>Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, ''Samom sebi''. Beograd: Dereta, 2004, стр. 18-19.</ref> <ref name="Lucije Anej Seneka 1964">„Lucije Anej Seneka“, во: ''Rimska lirika''. Beograd: Rad, 1964, стр. 101.</ref> <ref>„Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 142.</ref>
 
==Творештво==
Сенека бил учен и сестрано надарен човек, голем мислител и еден од најплодните писатели во [[Римска книжевност|римската книжевност]] и еден од најголемите стилисти во историјата на светската книжевност. Тој пишувал поезија и проза, а од неговото богато творештво се сочувани следниве дела:<ref name="Lucije Anej Seneka 1964"/> <ref>Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, ''Samom sebi''. Beograd: Dereta, 2004, стр. 20.</ref>
* „[[Дијалози (Сенека)|Дијалози]]“ (во 12 книги) кои содржат разговори за среќниот живот, душевниот мир, гневот, краткотрајноста на животот, итн. Инаку, наспроти насловот, ова дело (освен еден исклучок) не е напишано во форма на дијалози.
* „[[Писма до Лукилиј]]“ (20 книги) - 124 писма со [[морал]]на содржина во кои дава упатства за добар живот.