Ѓорѓи Сугарев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Два пати → Двапати
с разјаснување
Ред 40:
== Акција против српските четници ==
 
[[Податотека:Georgi Sugarev grave.jpg|лево|мини|Споменик на гробот на Сугарев, подигнат од бугарските власти во 1942 година, подоцнакаде бил претставен како ''бугарски револуционер во Македонија''. Подоцна, споменикот бил урнат од југословенските-македонските комунисти.<ref>Светите места на Македония. Община Благоевград. Описание на паметника на войводата Георги Сугарев.</ref>]]
 
Ѓорѓи Сугарев пристигнал во [[Велес|Велешко]] на [[25 август]] [[1905]] година. Таму се сретнал со војводите [[Јован Алабакот]] и [[Панчо Константинов]], кои во тој момент биле во меѓусебен конфликт. Сугарев успеал да ги помири и да ги убеди дека само со заеднички сили ќе можат да се справат со српските четници инфилтрирани во [[Поречје]]то ([[Прилеп]]ско) и [[Област Азот (Велешко)|Азот]] (селата околу [[Богомила]] - Велешко). Следните неколку месеци, здружените чети на Константинов, Алабакот и Сугарев, под команда на Ѓорѓи Сугарев постојано ги обиколувале селата во Поречјето и Велешко во потрага по србоманските чети на [[Глигор Соколов]]иќ. Сугарев во секое село одржувал говор и ја утврдувал наклонетоста на народот за борба и издржливост во тие тешки времиња. Српските четници, согледувајќи ја моќта на таа здружена чета на ВМОРО на чело со Сугарев, ја избегнувале секоја средба со неа. Сугарев бил немилосрден кон платените агенти на српската пропаганда. Додека бил во Велешко и Прилепско, тој ликвидирал десетина српски агенти - меѓу кои и неговиот сопствен чичко, којшто ја предал здружената чета на турските власти. Двапати четата имала судир со турки аскер. По наредба на Сугарев биле убиени и братот и внукот на [[Јован Бабунски]] (водичот на српските четници во Велешко) затоа што ја предале четата. Само еднаш се стигнало до поголема битка меѓу четите на ВМОРО водени од Сугарев и четите на [[Срби]]те водени од Соколовиќ - на [[25 септември]] [[1905]] година во село [[Ореше]]. Во разгорот на битката пристигнал аскер и четите биле приморани да се повлечат од битката.