Послание до Римјаните: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Дополнување за авторството на посланието.
Целта на апостолот Павле за пишување на ова послание.
Ред 6:
[[Апостол Павле]] е признаен од скоро сите истражувачи како автор на ова послание. Како место каде било пишувано посланието се смета градот [[Коринт]], а спомнувањата на Фива (Рим. 16:1; Кенхреја било пристаништето на Коринт), Гај (Рим. 16:23) и Ераст (Рим. 16:23) - кои биле поврзани со Коринт - укажуваат на тоа. Апостолот го напишал посланиево кон крајот на неговото трето мисионерско патување (најверојатно во 56-та година н.е.), кога се подготвувал да замине за Палестина со прилогот за сиромашните верници во Ерусалимската црква (Рим. 15:25). А Фива, ја добила големата одговорност да им го достави ова писмо на римските верници (Рим. 16:1-2). Откако Павле се вратил во Ерусалим, носејќи прилог за сиромашните во тамошната црква, тој бил лажно обвинет од некои евреи (Дела 21:27-29), дивјачки претепан од гневна толпа (Дела 21:30-31) и уапсен од римјаните (Дела 21:33). И покрај тоа што двајцата римски гувернери, Феликс и Фест, како и Ирод Агрипа, не го прогласиле за виновен, бидејќи не нашле никаква вина во него, тој сепак останал во римски притвор поради притисокот од еврејските водачи (Дела 23-26). По две години, апостолот го искористил своето право како римски граѓанин, повикувајќи се на Цезарот (Дела 25:11-12), и заедно со други затвореници бил испратен кон Рим (Дела 27). По неговото стравично патување (Дела 27-28) во кое доживеал бродолом поради огромната бура среде море, Павле стигнал до Рим. Иако подоцна Павле бил ослободен на кратко време, сепак повторно бил уапсен, а потоа и маченички убиен во Рим, околу 65-67 година н.е. (2 Тим. 4:6).
 
Веројатно, некои од оние кои биле обратени на денот на Педесетница ја основале црквата во Рим (сп. Дела 2:10). Павле долго време се обидувал да ја посети римската црква, но бил спречен во тоа (Рим. 1:13). Според Својата промисла, Бог не му дозволил на Павле да го посети Рим, а како резултат на тоа, го имаме ова послание.
Значењето на Посланието до Римјаните се наоѓа помегу најстарите текстови кои се наоѓаат во Новиот завет, и од таа приќина текстот претставува едно од најголемите извори на историјата на црквата во текот на [[2 век]]<ref>http://www.catholicregister.org/content/view/2051/858/</ref><ref>[http://www.tc.umn.edu/~parkx032/RM.html Bible. N.T. Romans-Commentaries-Romans Demythologized by James Park]</ref>. Значењето на посланието се зголемило по крајот на [[реформација]]та.
 
Примарната цел на Павле за пишување на ова послание била да ги поучи верниците, кои никогаш не примиле апостолски поуки, за големите вистини на благодатното Евангелие. Ова послание, исто така, го претстави Павле во црквата во Рим, каде што тој лично бил непознат, но се надевал дека ќе ја посети наскоро од неколку важни причини: да ги поучи верниците (Рим. 1:11); да го проповеда Евангелието (Рим. 1:15); да ги запознае римските христијани, за да можат да го охрабрат (Рим. 1:12; 15:32); да се молат за него (Рим. 15:30) и да му помогнат околу неговото испланирано мисионерско патување за Шпанија (Рим.15:28). За разлика од некои други посланија што Павле ги имал напишано (како на пример, 1 и 2 Коринтјаните, Галатјаните), неговата цел за пишување на ова послание не била да ја поправи изопачената теологија или да го прекори безбожното живеење. Римската црква била доктринарно здрава, но, како и сите цркви, имала потреба од богатото доктринарно и практично упатство што го дава ова послание.
 
== Содржина ==