Либерален феминизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазично подобрување, replaced: индивидуално → поединечно
Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.8
 
Ред 2:
'''Либералниот феминизам''' е теорија за поединечна слобода на жените. Тој е дел од глобалниот тек на феминистичката политичка и социјална теорија и има најдолга историја. [[Мери Волстоункрафт]] во „Одбрана на правата на жените” од 1789 ги опишува жените како рационални субјекти чија инфериорност се должи на инфериорното образование. Таа тврди дека ова може да се поправи преку еднакви можности за жените.
 
Современиот либерален феминизам го споделува нејзиниот оптимизам дека корените на угнетувањето на жените лежат едноставно во недостатокот на еднакви граѓански права и образовни можности. Во срцето на либералните верувања за сексуалноста е гледиштето дека нечиј приватен живот не треба да биде предмет за регулирање од страна на општеството. Либералниот феминизам со тоа ја прифаќа дихотомијата [[јавно/приватно]]. Тие веруваат во поединечно исполнување ослободено од строго дефинираните полови улоги. Се ограничуваат себеси на реформизам, со кој сакаат да го подобрат статусот на жените во системот. Современите либерални феминисти се залагаат за права на жените, нивните потреби за социјална грижа, универзално образование и здравствена сигурност.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.zdruzenska.org.mk/article.asp?id=336|title=Водич во феминистичката и родовата терминологија|publisher=Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје|date=2007-05-30|accessdate=2007-06-22|archive-date=2007-10-08|archive-url=https://web.archive.org/web/20071008105250/http://www.zdruzenska.org.mk/article.asp?id=336|url-status=dead}}</ref>
 
== Белешки ==