Горан Стојановски (бранител): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Смрт и заседата кај Брест: Јазично подобрување, replaced: Постхумно → Посмртно (2)
Rescuing 2 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.8
 
Ред 32:
Горан и неговата екипа на 5 март 2001 година, со одобрение и помош на градоначалникот на [[Липково]] [[Хусамедин Халили]] престојуваа речиси цел ден во [[Гошинце]]. Тие долго време разговараа со населението и тие ги уверуваа дека на тоа подрачје нема терористи. Мештаните се пожалија дека немаат оружје за самоодбрана и дека резервите со храна им се потрошиле, а немаат намера да го напуштаат селото. Ветено им беше дека ќе се погрижат за хуманитарната помош. Во тој контекст, заедно со организираната помош и настојувањето на полицијата за го заштити населението, заминаа на 8 март 2001 година во [[Гошинце]] со конвојот. Конвојот го предводеше министерот [[Љубе Бошкоски]], градоначалникот Халили, помошникот на министерот Бошкоски, [[Рефет Елмази]], пратеникот [[Хисни Шаќири]], повеќе високи функционери на МВР, меѓу кои и Близнаковски кого го возеше токму Горан и претставници на политичките партии на [[Албанци]]те од [[Куманово]]. По долги и сосема пријателски разговори со месното население, некаде кон 14 часот беше воспоставена времена полициска станица во Гошинце. Истата слика требаше да се повтори и во блиското село Брест што во споредба со Гошинце се наоѓа на доминантна позиција. Кон 15 часот, дел од конвојот замина за Брест. Брзајќи заради извештајот од настанот за бројот од 9 март, знаејќи дека ништо посебно нема да има, екипата на Горан сама се врати преку [[Липково]], [[Отља]], [[Матејче]], [[Ропалце]] и [[Никуштак]] во [[Скопје]]. Единствено што ги бодеше во очите за сето време во Гошинце беше однесувањето на пратеникот [[Хисни Шаќири]] кој постојано некаде се јавуваше со мобилниот телефон.<ref>„Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 152 – 156</ref>
 
По заминувањето на колегите на Горан, дел од конвојот отишол во [[Брест (Скопско)|Брест]] и сценариото со разговорите и поставувањето на времена полициска станица се повториле. Горан бил во Брест. Бидејќи процедуралните работи привршувале, се вратил со џипот по тројцата колеги - возачи што останале во [[Гошинце]]. Им рекол да дојдат и тие за да си ги земат старешините и прв тргнал назад кон Брест. Наближувајќи кон селото, загинал од нагазна мина што веројатно меѓувремено е поставена од терористите на [[ОНА]]. Од искажувањата на другарите на Горан, не загинал само од нагазна мина, туку бил погоден и со зоља. Малку подоцна по експлозиите, повлечен е конвојот од Брест заедно со инсталираната полициска станица. Речиси на исто место, конвојот е начекан во заседа од која цела ноќ не биле во состојба да се извлечат. Заедно со нив, утредента е извлечен и мртвиот Горан. Неколку дена по неговата смрт, помошникот министер, на семејството му ја испратил ветровката што Горан ја соблекол и му ја дал во Брест за да се заштити од студеното време.<ref>{{Наведена мрежна страница|date=10 март 2001|url=http://star.vest.com.mk/default.asp?id=2558&idg=1&idb=203&rubrika=Makedonija|title=Полициски конвој 20 часа во терористички обрач во Брест, загина полицаец|publisher=Вест|accessdate=2015-01-28|archive-date=2016-03-04|archive-url=https://web.archive.org/web/20160304194110/http://star.vest.com.mk/default.asp?id=2558&idg=1&idb=203&rubrika=Makedonija|url-status=dead}}</ref> Горан зад себе ги остави своите два сина и сопругата. Посмртно е одликуван со [[Медал за храброст (Македонија)|медал за храброст]] од [[Претседател на Македонија|Претседателот на Р. Македонија]].<ref>{{Наведена мрежна страница|date=7 мај 2013 |url=http://www.president.mk/mk/2011-06-17-09-55-07/2011-07-19-10-40-39/2087.html|title=Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР|publisher=president.mk|accessdate=2019-03-29|archive-date=2019-03-28|archive-url=https://web.archive.org/web/20190328181806/http://www.president.mk/mk/2011-06-17-09-55-07/2011-07-19-10-40-39/2087.html|url-status=dead}}</ref>
 
== Наводи ==